Владо Денчов

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Владо Денчов (14 септември 1955 , Крива Паланка) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец. Долги години работел како режисер во Македонската радио телевизија.

Кратки факти Роден, Националност ...

Во 1981 година, тој дипломирал на Факултет за драмски уметности - Скопје на отсекот за актерска игра во класата на проф. Димитар Ќостаров. Истата година, тој се вработил во Народен театар Куманово. Во 1988 година заедно со Тихомир Стојановски го основале театарот „Скрб и утеха“. Од 1988 година до 2019 година, тој бил вработен во Македонската телевизија, како режисер на документарни филмови и емисии.

Remove ads

Филмографија

Денчов ги остварил следните филмски улоги:[1]

Година Филм Улога
1989-1993Еурека ТВ-серијаПрв Агент
1990Северна грешка ТВ-филмСтојан
1990-1992Македонски народни приказни ТВ-серија
1991Елелига пепелига ТВ-серија
1992Тврдокорни ТВ-серија
1994-1995Бумбари ТВ-серијаПријателот на Полицаецот
2000Погрешно време ТВ-серија
2006Мост ТВ-филмЅидар
2008Куќен совет ТВ-серија
2013Тврдокорни ТВ-серијаКапетан Рашо
2014Среќна Нова 1903 ТВ-филмМитре
2016Вистинска љубов ТВ-филмТаткото на Наде
2016-2017Македонски приказни ТВ-серијаМито
2018Ругање со Христос ТВ-филм
2022-2023Бистра вода ТВ-серија
Remove ads

Награди

  • Награда „Златната маслинка“ на фестивалот во Бар за филмот „Мишко
  • Награда на фестивалот во Барселона за филмот „Бакни го сонцето
  • Награда на Меѓународниот фестивал во Охрид за филмот „Кокино
  • Награда „Св. Јоаким Осоговски“

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads