Влакно (Курија)

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Влакноархеолошко наоѓалиште во неготинското село Курија. Претставува населба од неолитот и бронзеното време.

Повеќе информации Основни податоци ...

На оддалеченост од 1 км јужно од селото, на десниот брег на Куријачка Река има рид со доминантна положба. На неговата западна падина, која благо се спушта кон коритото на реката, при изградбата на далноводот се најдени остатоци од двослојна праисториска населба. На површината има фрагменти од керамички садови со црна и црвена монохромна боја, орнаменти изведени во импресотехника, како и орудија од камен и кремен.[1]

Наодите се чуваат во Музејот во Неготино.

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads