Праисторија на Македонија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Remove ads
Праисторијата во Македонија
Черепот на младиот човек (25 - 30 годишен), кој е пронајден во пештерата "Црвени Стени" близу до селото Камени Гумна (Петролона) во Егејска Македонија, е сведоштво дека во Македонија луѓето одат исправени и размислуваат со своја глава најмалку 600.000 - 160.000 г.п.н.е. или со поегзактен метод е утврдена старост од 260.000 - 240.000 г.п.н.е.
Праисториските сведоштва од Осинчани, Говрлево, Младо Нагоричане, Ш'пел [Дупјак] Костурски, тумбите во Маџари и Чаир во Скопје, населбата од рано камено време кај Стенче - Тетовско, тумбите од Породинската група покрај реката Црна, непроценливиот натпис од Скочивирската Клисура, глинената плочка од Градешница близу до Враца (Бугарија), надгробниот споменик на херојот и поетот Димо Ријдил од 7 в.п.н.е. од Лемно во Егејско Море итн. се само дел од најстарата македонска цивилизација во која доминирал култот на Сонцето и Космосот, култот на огнот и домашното огниште, култот на Големата Мајка - богиња на земјата и симбол на плодноста.
Керамичкиот печат од "Церје" кај Говрлево близу до Скопје е пронајден во 1981 година, За постоењето на соодветна македонска воена олигархија сведочи металниот печат од Говрлево (околу 1500 г.п.н.е.).
Постоеле наколни живеалишта на Костурското, Дојранското, Охридското, Преспанското и другите македонски езера.
Светилиштата во вид на "Камени Столици" ("долмени") од Црна Лома или Илина Гора кај Осинчани - Скопско и комплексот од разновидни долмени од "Штерпа" близу до Богданци, како и најстариот неолитски обелиск од "Милисин" на подножјето на Кожуф Планина близу до Гевгелија се други споменици.
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads

