Влатко Лозаноски
македонски пејач From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Влатко Лозаноски - Лозано (роден на 27 јуни 1985 година во Кичево) — македонски пејач. Заедно со Есма Реџепова, ја претставувал Македонија на Евровизија 2013 година во Малме, Шведска.
Remove ads
Кариера
Негов прв јавен настап беше како натпреварувач на македонското музичко шоу „Мак Ѕвезди“ со песни од Тоше Проески во септември 2007 година, но за жал не успеа да се пласира во финалето. Еден месец подоцна, тој доби гран при за дебитант на првиот Македонски Радиски Фестивал наречен Ѕвездена ноќ. Ја пееше песната Врати ме, што воедно е и неговиот прв сингл, додека негов втор сингл е Обичен без тебе. Во октомври 2008, со неговиот трет сингл Времето да застане ја доби наградата од жирито на фестивалот Макфест, штипскиот фестивал во Македонија. Во 2009 учествуваше во македонскиот избор за песна на Евровизија со песната Блиску до мене и се пласираше четврт. Во јуни истата година настапи на фестивалот Pjesma Mediterana во Будва, Црна Гора. Во јули, пак, настапи на фестивалот Slavianski Bazar во Витебск, Белорусија каде доби втора награда. Следно, заедно со Магдалена Цветкоска, со песната I'm your angel настапи на фестивалот Golden Wings во Молдавија, каде го освоија второто место. Неговиот прв албум се појави во 2010 година. Истата година учествуваше на македонскиот избор за песна на Евровизија со песната Летам кон тебе, но го освои четвртото место.
Remove ads
Евровизија 2013
Во декември 2012, Македонската радио-телевизија најави дека Лозано, заедно со Есма Реџепова ќе ја претставуваат Македонија на изборот во Малме со песната Пред да се раздени. Не успеаја да се пласираат во финале, го освоија 16-тото место од вкупно 17.
Дискографија
Албуми
Спотови
Настани и награди
- Радиски Фестивал Ѕвездена ноќ, Охрид, Македонија (2008) - Гранд при награда
- Макфест, Штип, Македонија - Гранд при награда
- Скопје фест (2009) - 4-то место
- Pjesma Mediterana, Будва, Црна Гора (2009)
- Slavianski Bazar, Витебск, Белорусија (2009) - 2-ро место
- Golden Wings, Кишињев, Молдавија (2009) - 2-ро место
- Скопје фест (2010) - 4-то место
- Sea Songs festival, Севастопол, Украина (2010) - 4-то место
Надворешни врски
- Официјална страница на Лозано Архивирано на 22 септември 2010 г.
- Клуб на обожаватели на Лозано
- Дискографија на Лозано Архивирано на 29 мај 2016 г. евидентирана од ВБУ Музички Регистар.
Поврзано
![]() |
„Влатко Лозаноски“ на Ризницата ? |
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads