2012

година From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

2012 (MMXII) била престапна година којашто започнала во ден недела според грегоријанскиот календар, а воедно и дванаесеттата година од 3 милениум и 21 век, како и трета од 2010-тите.

< XX век XXI век XXII век >
12345678910
11121314151617181920
21222324252627282930
31323334353637383940
41424344454647484950
51525354555657585960
61626364656667686970
71727374757677787980
81828384858687888990
919293949596979899100
Кратки факти
Remove ads

Други календари

Годината била броена од страна на различни народи, па се среќава во бројни други календари. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.

Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7520 и 7521 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г.п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6762 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г.п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5772 и 5773 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г.п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2765.

Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61. година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г.п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г.п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 2012. година се протега во 4648 и 4649, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4708 и 4709 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2555. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1433 и 1434 исламска година.

Настани

јануари

мај

јуни

јули

ноември

декември

  • декември - претседателски избори во Јужна Кореја.
  • 21 декември - завршува големиот циклус според календарот што го користела најмногу цивилизацијата на Маите.[3] Значењето на овој ден за Маите не е сосема познат, но најдени се текстови од тоа време каде се споменува. Исто така е најден овој ден запишан на ѕидовите од „Храмот на записи“ во Паленка.[4]
  • 23 декември - се смета за алтернативен ден за завршување на овој голем циклус во мајанскиот календар, според „астрономската исправка“.[5]

Непознати датуми

Космолошки претпоставки

Џон Мејџор Џенкинс и некои други[6] сметаат дека кога Сонцето ќе изгрее на хоризонтот на 21 декември 2012 година, ќе се најде во центарот на галаксијата Млечен Пат, и ќе се случи израмнување, односно во иста линија ќе се најдат Земјата, Сонцето и Галактичкото Средиште.[7] Се смета дека овој настан ќе предизвика бројни промени на Земјата. Но, овој настан е само визуелен феномен гледано од перспектива на Земјата, предизвикан од појавата прецесија на рамноденицата, и не би требало да предизвика каква било промена на позицијата на нашата планета во галаксијата. Накратко, не се очекуваат никакви гравитациски сили или зрачење, па според тоа овој ден не би требало да биде ништо поинаков од било кој друг сонцестој.[8][9][10]

Мајкл Царион [11] и некои други сметаат дека на тој ден израмнувањето ќе се случи во иста хоризонтална рамнина со галаксијата Млечен Пат. Нашиот Сончев Систем се врти околу центарот на галаксијата на секои 225 милиони години, и во тоа свое движење оди горе и долу сечејќи ја рамнината на секои 33 милиони години. Според списанието „Природа“ (Nature), постојат докази дека ние се оддалечуваме од галактичката рамнина, и нема да ја пресечеме во наредните 30 милиони години.[12]

Исто така постојат теории поврзани со моментално непознатата планета, наречена планета икс или Нибиру, која има чудна орбита и влегува во нашиот Сончев Систем на секои 3600 години, а во 2012 се враќа овде и ќе предизвика бројни проблеми.[13] Оваа идеја ја лансирал Зехарија Сичин со своите преводи на сумерските текстови, а посебно со својата интерпретација на цилиндричниот печат VA 243, во кој наоѓа потврда дека Сумерите знаеле за постоењето на 12 планети во нашиот Сончев Систем (Сонце, Месечина и десет други).[14][15]

Според едно друго можно сценарио, постои можност за измена на магнетните полови на Земјата, што би предизвикало да бидеме ранливи на сончевото зрачење.[16] Но, НАСА тврди дека измена на половите не се случува во еден конкретен ден, туку тоа е процес кој се случува во текот на илјадници години.[17]

Некои сметаат дека нема да дојде до промена на магнетните полови, туку дека тие физички ќе ги сменат местата. Се знае дека Земјата веќе има поместена оска за неколку степени, но не постои причина дека може да дојде до целосно извртување. Според Вилијам Сејџер, океанограф од Тексас, ваков настан не може да се случи во текот на еден ден, туку само во текот на долг период.[18]

Remove ads

Метафизички настани

Некои припадници на движењето њу ејџ сметаат дека 2012 е значајна година за духовна трансформација (според некои пак, година на апокалипса). Своите претпоставки ги засноваат врз мајанските текстови како што се Попол Вух и книгите на Чилам Балам, напишани после шпанските освојувања на Америка. Постои несогласување дали во 2012 година ќе се случи крај на цивилизацијата или пак човештвото ќе се издигне на „повисоко“ ниво.[19]. Повеќето езотерички извори кои го толкуваат мајанскиот календар, сметаат дека ќе се случи голема промена во светскиот поредок.

Неколкумина автори веќе издадоа книги во кои ги изнесуваат своите сомневања во врска со измената на светскиот поредок што треба да се случи во 2012 година:

  • Во 1997 година, Библискиот код од Мајкл Дроснин изнесува дека постои можност астероид или комета да се судри со Земјата.
  • Во 2006 година, 2012: Враќањето на Квацелкоатл од Даниел Пинчбек изнесува теории за можно глобално будење и психичка поврзаност во 2012 година.
  • Рилеј Мартин тврди дека вонземјани ќе ни дозволат да се качиме на нивниот вселенски брод откако Земјата ќе доживее трансформација во 2012 година.
  • Теренс МекКена со своите нумеролошки теории смета дека ќе се случи голем напредок во свесноста на луѓето.
  • Денион Бринкли во неговата книга од 20007 година, Тајните на светлината, предвидува дека во 2012 година луѓето ќе доживеат неочекувана ментална и духовна трансформација, предизвикана од големата физичка промена на Земја.[20]

Големи верски празници


Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads