Внатрешна добруџанска револуционерна организација

From Wikipedia, the free encyclopedia

Внатрешна добруџанска револуционерна организација
Remove ads

Внатрешна добруџанска револуционерна организација (бугарски: Вътрешна Добруджанска Революционна Организация; романски: Organizaţia Internă Revoluţionară Dobrogeană) — поранешна бугарска националистичка и револуционерна организација која оперирала во романска Добруџа од 1923 г. до 1940. Романските власти ја гледале на ВДРО како терористичка организација, додека во Бугарија се сметала за ослободително движење.

Thumb
Печат на ВДРО.
Thumb
Знаме на ВДРО.
Remove ads

Историја

Организацијата била основена во 1923 г. под водство на Дочо Михајлов а под основа на Големата добруџанска конвенција (бугарски: Велика Добруджанска Конвенция), бугарска политичка организација основана во 1919 г. за да се бори против трансферот на Јужна Добруџа кон Романија. Четите на оваа организација се бореле против широкото разбојништво, како и против романската администрација во регионот. Како ВМРО во Македонија и ВТРО во Тракија, ВДРО побарала политичка автономија на Добруџа врз основа на мандатот на Друштвото на народите, ширејќи го слоганот за воспоставување на „автономна Добруџа“ под надлежност на друштвото и „Добруџа за Добруџанците“.

Во 1925 г. левички настроена група наречена Добруџанска револуционерна организација (бугарски: Добруджанска Революционна Организация) се отцепила од организацијата под влијание на Бугарската комунистичка партија. Оваа група се борела за воспоставување на Советска Република Добруџа, која ќе биде дел од Балканска комунистичка федерација или ќе стане република на Советскиот Сојуз. Поделбата на ВДРО значително ја попречила работата на организацијата иако таа продолжила со својата активност во различни форми сè до 1940 г. кога Јужна Добруџа била вратена на Бугарија според условите на Крајовскиот договор.

Remove ads

Галерија

Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads