Вода (филм)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Вода (филм)
Remove ads

Вода (англиски: Water) е канадски филм од 2005 година номиниран за Оскар а режиран од Дипа Мехта. Филмот ги истражува животите на вдовици во ашрам во Варанаси, Индија во 1938 година. Воедно, филмот е третиот дел од поврзана трилогија на Мехта, на кој му претходат „Оган“ (1996) и „Земја“ (1998).

Кратки факти „Вода (Water)“, Режисер ...

Својата премиера филмот ја имал на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто (2005), каде бил претставен на отворањето на фестивалот. На редовен репертоар во Канада почнал да се прикажува во ноември таа година а во Индија почнал да се прикажува во мај, 2007 година.

Remove ads

Синопсис

Приказната во „Вода“ е поставена за време на периодот на британското владеење во 1938 година, кога Индија е сѐ уште дел од колониите на Британија.

Според Хинду традицијата од тој период, бракот помеѓу млади девојчиња и постари мажи бил нормален во некои делови на Индија. Кога сопругот во православно Хинду семејство ќе почине, неговата млада вдовица била праќана во таканаречен ашрам за вдовици за да се искупи за гревовите од нејзиниот претходен живот, кои наводно ја предизвикале смртта на нејзиниот сопруг.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads