2005
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
2005 (MMV) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 2005 година од новата ера, 5. од третиот милениум, 5. од XXI век и шеста од 2000-тите.

Remove ads
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7513 и 7514 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6755 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5765 и 5766 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2758.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 2005 година се протега во 4641 и 4642, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4701 и 4702 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2548. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1425 и 1426 исламска година.
Remove ads
Настани
- 9 јануари - Махмуд Абас е избран за претседател на Палестинската самоуправа.
- 10 февруари - Северна Кореја објавува дека поседува јадрено оружје како заштита против евентуално непријателство од страна на САД.
- 16 февруари - Протоколот од Кјото стапува во сила, без поддршка на САД и Австралија.
- 20 февруари - Шпанија е првата земја што гласа на референдум за ратификација на предложениот Устав на Европската Унија, прифаќајќи го убедливо, но со мал одзив.
- 13 март - Се одржува првиот круг од локалните избори во Република Македонија, први по новата територијална поделба.
- 24 март - Соборен е киргистанскиот претседател Аскар Акаев.
- април - Министерството за финансии и Народна банка на Република Македонија воспоставија секундарен пазар за тргување со државни записи.
- 29 мај - На референдум Франција, една од основачите на Европската Унија, го отфрла Европскиот Устав.
- 1 јуни - Жан-Пол Пруст станува Државен министер (шеф на владата) на Монако.
- 2 јуни - На референдум, Холандија е втората земја членка на Европската Унија што го отфрла Европскиот Устав.
- 7 јули - Терористички напади во Лондон, Велика Британија. Во јавната превозна мрежа експлодираат 4 бомби, убивајќи преку 50 и ранувајќи од 2,000 луѓе.
- 23 август - Израел го завршува своето повлекување од Појасот Газа.
- 26 август - Туркменистан ја напушта Заедницата на независни држави.
- 8 октомври - Катастрофален замјотрес во Кашмир, Пакистан. Официјалната цифра на загинати е 87.350 лица, но според некои проценки, бројот на жртвите може да е поголем од 100.000.
- 30 ноември - Тито Петковски ја формира НСДП, како реакција на незадоволството кое подолго време владееше во редовите на СДСМ. Формирањето на оваа партија се смета како еден од главните фактори за поразот на владата на Владо Бучковски на парламентарните избори во јули 2006 година.
- 18 декември - Ево Моралес е избран за претседател на Боливија.
Remove ads
Родени
- 8 април - Леа Исадора Бен, принцеза на Норвешка
- 11 септември - Чен Јуси, кинеска шампионка
Починале
- 9 февруари - Васко Караџа, македонски писател и преведувач од македонски на грчки јазик и обратно.
- 10 февруари - Артур Милер, американски драматург, 89
- 2 април - Папата Јован Павле II, 84
- 31 јули - Вим Дуизенберг, претседател на Европската централна банка
- 24 октомври - Роза Паркс, американска активистка за човекови права
Поврзано
Надворешни врски
2005 на Ризницата ?
- Календарот за таа година
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads