Воденица
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Воденица или архаично дермен[1][2] — градба покрај река во кој се меле пченица и друга зрнеста храна, со помош на механизам што го движи силата на водата.

Историја
Стар век
Првите записи за водениците потекнуваат од I век пред н.е. од страна на Антипат од Солун. Водениците биле вообичаена глетка во Европа до почетокот на индустриската револуција.
Постојат два основни типа воденици, едниот тип е вертикален, и се напојува преку запчаник, а другиот тип е хоризонтална воденица без таков механизам. Првиот тип може понатаму да се подели, во зависност од тоа каде водата ги удира лопатките на воденичкото тркало. Грците ги измислиле двете главни компоненти на водениците, и заедно со Римјаните, користеле воденици со поднаклон, наднаклон и граден воден валјак.[3]
Најраните докази за воденичко тркало се дел од техничките трактати „Пневматика“ и „Параскевастика“ на грчкиот инженер Фило од Византион (околу 280-220 п.н.е.).[4] Грчкиот географ Страбон запишал во својата „Географија“ дека во близина на палатата на кралот Митрадат VI Евпатор во Кабира, Мала Азија, пред 71 година п.н.е. постоела мелница на воден погон.[5]
Среден век
Преживеаните докази за воденици се зголемиле со појавата на разни документи како што се манастирските грамоти, христијанската хагиографија и германските правни кодекси. Тие имале поголем интерес за документација на воденицата, бидејќи тоа било претежно рурален работен процес.[6][7] До каролиншкото време, споменувањата на водениците станале многубројни во франкиските записи.[8] Книгата на Страшниот суд, составена во 1086 година, бележи 5.624 воденици само во Англија.[9] До почетокот на 7 век, водениците биле добро воспоставени и во Ирска. Еден век подоцна тие почнале да се шират низ поранешната римска граница на Рајна и Дунав во другите делови на Германија.[10] Во едно истражување од 2005 година, научникот Адам Лукас ги идентификувал следниве први појавувања на различни типови индустриски мелници во Западна Европа. Забележлива е извонредната улога на Франција во воведувањето на нови иновативни употреби на водената енергија. Сепак, тој го привлече вниманието кон недостатокот на студии на оваа тема во неколку други земји.
Арапскиот свет
Инженерите под калифатите ја усвоиле технологијата на воденици од поранешните провинции на Византиското Царство, која се применувала со векови во тие провинции пред муслиманските освојувања, вклучувајќи ги денешна Сирија, Јордан, Израел, Алжир, Тунис, Мароко и Шпанија.
Индустриската употреба на водениците во исламскиот свет датира од 7 век. Различни индустриски воденици се користеле во исламскиот свет, вклучувајќи мелници за брашно, пилани и други. До 11 век, секоја провинција низ целиот исламски свет имала од овие индустриски воденици во функција, од Ел-Андалус и Северна Африка до Блискиот Исток и Централна Азија.[13] Муслиманските и христијанските инженери од Блискиот Исток, исто така, користеле коленесто вратило и водни турбини, запчаници во воденици и машини за подигање вода, како и брани како извор на вода, што се користело за обезбедување дополнителна енергија на водениците и машините за подигање вода.[14] Валавниците и челичарите можно е да се прошириле од Ел-Андалус до христијанска Шпанија во 12 век. Индустриските воденици биле користени и во големи фабрички комплекси изградени во Ел-Андалус помеѓу 11 и 13 век.[15]Повеќе од 300 воденици работеле во Иран до 1960 година.[16] Денес работат само уште неколку. Една од познатите е воденицата во Аскзар и воденицата во градот Јазд, кои сè уште произведуваат брашно.
Remove ads
Воденицата како мотив во уметноста
- „Необична воденичарска песна“ — песна на македонскиот писател Видое Подгорец.[17]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
