Висока печка

From Wikipedia, the free encyclopedia

Висока печка
Remove ads

Висока печка е вид металуршка печка која се користи за топење на руда при процесот на производство на индустриски метали, најчесто сурово железо, но и други метали како олово или бакар.

Thumb
Поранешна висока печка во пристаништето Сагунт, Валенсија, Шпанија.

Во високата печка, горивото (кокс), рудите и флуксот (варовник) секогаш се внесуваат од горниот дел на печката, а врел воздух (понекогаш со збогатен кислород) преку цевки се вдувува од долниот дел на печката, така што додека материјалот паѓа надолу во печката се одвиваат хемиските реакции. Конечни производи се стопениот метал и згурата кои се вадат од дното, а отпадните гасови излегуваат од врвот на печката.[1]

Терминот обично се користи печки за топење на железна руда за производство на сурово железо, полупроизвод кој се користи за производство на индустриско железо и челик, и печки со вратило кои се користат во комбинација со агломерациони постројки за топење на базни метали. [2] [3]

Се проценува дека високите печки биле одговорни за повеќе од 4% од вкупната емисија на стакленички гасови во периодот од 1900 до 2015 година.[4]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads