Воденски баталјон
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Воденски македонски баталјон — воена единица, формирана на 16 јуни, 1944 година на Кајмакчалан, како посебна македонска партизанска единица од македонски борци од Мегленско и Воденско, од составот на Триесеттиот полк на ЕЛАС.[1]

Седиштето на оваа единица се наоѓало во селото Горно Родево, Мегленско. На 12-13 октомври, 1944 година поради несогласување со КПГ во однос на македонското национално прашање, баталјонот преминал во вардарскиот дел на Македонија. На 18 ноември истата година, во слободна Битола, од македонските баталјони од Воденско, Леринско и Костурско е формирана Првата ударна бригада на Македонците од Грција, позната како Прва егејска ударна бригада.[1]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads