Прва егејска ударна бригада

From Wikipedia, the free encyclopedia

Прва егејска ударна бригада
Remove ads

Прва егејска ударна бригада била формирана на 18 ноември 1944 година во селото Драгош, Битолско. Била формирана од дел од македонските воени единици што се одделиле од ЕЛАС и од дел од бригадата „Гоце Делчев“. Во нејзиниот состав влегле: Костурски, Лерински, Воденски и Придружен баталјон со тешкото вооружување.

Кратки факти Прва егејска ударна бригада, Активна ...
Thumb
Офицери од Првата егејска бригада
Remove ads

Структура

Командант на бригадата бил Илија Димовски - Гоче, политички комесари: Михаил Пангов Керамитчиев и Динко Делевски, а началник на штабот бил Стив Георгиев - Димов. Во време на формирањето, бригадата броела околу 400 вооружени борци, а 600 други чекале вооружување. Во наредниот период бројот на борци и старешини достигнал околу 2000.[1] Младински раководител на Првиот баталјон на бригадата била Стерјана Вангелова.[2]

Remove ads

Борбен пат

Thumb
Партизанки од Егејскиот воденски округ, Првата егејска ударна бригада. Фотографирано во Кавадарци, 30 септември 1944 година

По формирањето на организации на КПМ во одделните единици се одржала Првата партиска конференција на бригадата, во Битола на 22 ноември 1944 година. Бригадата ги разбила балистите во селото Острец, Битолско меѓу 4 и 5 декември и ги ликвидирала со гонење на 6 и 8 декември. Подоцна била упатена кон Полог на 3 јануари 1945 година, за ликвидирање на заостанатите балистички сили и по тридневен марш на 6 јануари стигнала во Гостивар. Младинската организација на бригадата избрала 5 делегати и тие учествувале во работата на Вториот конгрес на НОМСМ, во Скопје, од 6 до 8 јануари 1945 година. Во Полог стационарно се поделила на неколку дела: во Гостивар, во селата Врапчиште и Баница (Гостиварско) и во Тетово. Во двомесечните акции на просторот од селото Зајас, Кичевско, до Полог и кон Шар Планина биле ликвидирани над 400 балисти и нивни соработници во текот на јануари и февруари. Од новопристигнатите борци биле формирани уште два баталјона.

На почетокот на март бригадата била преместена во Скопјеа на 7 март била поделена на два ешалона: првиот ешалон преместен во Гевгелија, а вториот во Битола и потоа расформирани на 2 април 1945 година, а борците прераспределени во други воени единици. Делот од нејзиниот состав што бил прекомандуван на теренот во Гевгелија и Битола имал задача да ја штити македонско-грчката граница, каде останала до своето расформирање.[1]

Remove ads

Надворешни врски

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads