Водолија (хороскопски знак)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Хороскопскиот знак Водолија (латински: Aquarius, грчки: Υδροχόος) го носат оние коишто се родени помеѓу 20 јануари и 18 февруари. Со овој знак владее планетата Уран. Симболот
ги претставува брановите.
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |

Remove ads
На пат низ зодијакот
На единаесеттото ниво, човекот знае дека сите луѓе се богови и исти под сонцето. Важна е потрагата по универзалната вистина. Комбинацијата на позитивен фиксен воздух, носи моќ за концентрација на мислите, а оригиналноста ја додава владетелот Уран.
Мотивација
Водолијата е често пред своето време, и несфатен од многумина. Неговиот природен инстинкт е да застане со масите против владетелите, но со интелект и зборови, а не со примена на сила. Водолијата се бори за своите принципи, и секогаш е верен на себеси.
Во работа и интереси
Водолиите не се амбициозни, и најчесто го прифаќаат она што им се нуди. Сепак, не сакаат да бидат врзани или затворени во канцеларија. Водолиите ги има секаде: од зоолошка градина, преку новинарство и пишување, до професии поврзани со летање. Доколку работата не им ги задоволува природните тежнеења, тогаш тоа ќе биде нивното хоби, на кое ќе се посветат целосно. Фотографијата е секако дел од нивните интереси.
Во односи
Водолиите се популарни меѓу своите пријатели. Тие се спокојни во контактите со другите и лесно шират познанства. Во брак не брзаат, но откако еднаш ќе го најдат вистинскиот партнер, стануваат толерантни и посветени. Им треба партнер кој ќе ги стимулира, со кого ќе бидат мисловно блиски, и кој нема да биде против да се оставаат прозорците отворени.
Домашен живот
Кога ќе стигнете во домот на Водолиите, внатре може сè да изгледа изветвено и небојадисано, но вие нема да го забележите тоа, затоа што пријателот Водолија ќе ве замуабети уште од врата. Разговорите за природата, за птиците, животните и облаците ќе ве восхитат, а не е чудно ручекот да го јадете како да сте на пикник. Родителите Водолии ги охрабруваат своите деца да бидат независни, и да ги следат сопствените таленти.
Remove ads
Зборови кои ги опишуваат Водолиите
Важи и за двата пола: независни, објективни, интелектуални, хумани, идеалистични, инвентивни, оригинални, чесни.
Понекогаш: повлечени, груби, мрзоволни, ексцентрични,тврдоглави, нетактични.
Користена литература
- Марион Марч и Џоан Мекеверс: „Астрологија: основни начела“, Дечје новине, Горњи Милановац, 1994.
- Линда Гудман: „Сончеви знаци“, Белград, 1987.
- Миле Дупор: „Не верувајте, проверете“, Белград.
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
