20 јануари
датум From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Предлошка:Јануари 2025 20 јануари — 20-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Во астрологијата - првиот цел ден на хороскопскиот знак водолија. Остануваат 345 денови до крајот на годината (346 во престапна).
Настани:
| 1265 | Првпат е свикан англискиот Парламент со што беше ограничена власта на монархијата. |
| 1327 | Високото благородништво го принуди англискиот крал Едвард II да абдицира во корист на синот Едвард III. |
| 1649 | Заробениот крал Чарлс I на крајот на граѓанската војна меѓу монархистите и следбениците на парламентот во Англија беше изведен на суд обвинет за предавство, односно за тајни преговори со Шкотите. Наброзо беше осуден на смрт и погубен 10 дена подоцна. |
| 1667 | По 13-годишните борби Русија ја порази Полска во војната која изби во 1654 година. По мирен пат во Андрусова, Полска се одрече од Киев, Смоленска и од делови на Украина на левиот брег од реката Днепар. |
| 1921 | Прогласен е првиот устав на Турција. |
| 1936 | Едвард VIII станал крал на Обединетото Кралство. |
| 1936 | Инвазиските италијански фашистички трупи, кои на почетокот на октомври 1935 година без објава на војна упаднаа во Етиопија, презедоа решителна офанзива против етиопските сили, успеаја да го скршат нивниот отпор и да ја колонизираат таа земја. |
| 1936 | Пуштена е во сообраќај железничката линија Прилеп - Велес во должина од 86 километри. |
| 1941 | Франклин Рузвелт, водач на Демократската партија, по третпат е избран за претседател на САД. Првиот мандат го презеде во 1932 година, во времето на големата економска криза, а во 1945 година по четврти пат е избран за претседател, што е единствен случај во историјата на САД. |
| 1945 | Во Воденско, Егејска Македонија, е формирана Тајната македонска ослободителна револуционерна организација (ТМОРО). Иницијатор, организатор и раководител на организацијата беше Вангел Ајановски - Оче. |
| 1961 | Демократот Џон Кенеди е инаугуриран во 43 година од животот за претседател на САД, како најмлад шеф на државата во американската историја. |
| 1970 | По двегодишна пауза, во Варшава продолжија американско-кинеските контакти на ниво на амбасадори. |
| 1981 | Републиканецот Роналд Реган, на 70-годишна возраст ја презеде функцијата претседател на државата, станувајќи најстар претседател во американската историја. |
| 1981 | По 444 денови во заробеништво, од амбасадата на САД во Техеран беа ослободени 52 американски заложници. |
| 1992 | Падот на „Ербас А-230“ јужно од францускиот град Стразбур го преживеаја само девет од вкупно 96 луѓе во авионот. |
| 1996 | На изборите во Газа и на Западниот брег, одржани според договорот меѓу Израел и Палестинците, водачот на ПЛО Јасер Арафат стана првиот демократски избран водач на палестинскиот народ. |
| 2001 | Потпрестедателот на Филипините, Глорија Аројо ја презеде должноста шеф на државата, бидејќи филипинскиот Врховен суд пресуди дека сменетиот претседател Џозеф Естрад не може да ја врши оваа функција. |
| 2011 | На космодромот Бајконур е лансиран „Електро-Л“ — првиот функционален метеоролошки сателит на Русија. |
| 2017 | Доналд Трамп станува 45. претседател на САД со силна народна поддршка. |
| 2021 | Џо Бајден станува 46. претседател на САД. |
Родени:
| 225 | Гордијан III — римски цар. |
| 1716 | Карлос III — шпански крал. |
| 1775 | Андре Мари Ампер — француски физичар и математичар. |
| 1888 | Назим Хикмет — турски писател. |
| 1919 | Силва Капутикјан — советска и ерменска поетеса. |
| 1920 | Федерико Фелини — италијански режисер. |
| 1921 | Телмо Зара — шпански фудбалер. |
| 1945 | Владимир Борозанов — македонски кардиолог. |
| 1945 | Сабит Кранли — македонски правник. |
| 1946 | Дејвид Линч — американски режисер. |
| 1949 | Јеран Персон — шведски премиер. |
| 1964 | Лубош Кубик — словачки фудбалер. |
| 1964 | Рон Харпер — американски кошаркар. |
| 1970 | Бранка Катиќ — српска глумица. |
| 1971 | Дерик Грин — американски рок-музичар. |
| 1976 | Анастасија Волочкова — руска балерина. |
| 1976 | Пабло Ластрас — шпански велосипедист. |
| 1979 | Александар Маленко — македонски пливач. |
| 1995 | Калум Чемберс — англиски фудбалер. |
| 2000 | Тајлер Хироу — американски кошаркар. |
Починале:
| 250 | Фабијан — римски папа. |
| 287 | Свети Севастијан — христијански маченик. |
| 842 | Теофил — византиски цар. |
| 1513 | Елена Ивановна — полска кралица. |
| 1612 | Рудолф II — цар на Светото Римско Царство. |
| 1666 | Ана — француска кралица. |
| 1693 | Мустафа I — отомански султан. |
| 1819 | Карлос IV — шпански крал. |
| 1878 | Јани Попов — бугарски револуционер. |
| 1904 | Фердинанд Манлихер — австриски конструктор на оружје, изумител на Манлихерката. |
| 1983 | Гаринча — бразилски фудбалер. |
| 1984 | Џони Вајсмилер — американски пливач и глумец. |
| 1990 | Барбара Стенвик — американска глумица. |
| 1993 | Одри Хепберн — англиска глумица од белгиско потекло, балерина, манекенка и хуманитарка. |
| 2000 | Славко Јаневски — македонски писател. |
| 2003 | Паскал Сотировски — македонски научник. |
| 2014 | Клаудио Абадо — италијански диригент. |
| 2012 | Ета Џејмс — американска пејачка. |
| 2015 | Јован Тофоски — македонски гинеколог, универзитетски професор и министер за здравство. |
| 2018 | Џим Родфорд — британски рок-музичар. |
| 2021 | Мира Фурлан — хрватска глумица. |
| 2022 | Мит Лоуф — американски рок-музичар. |
| 2025 | [Џон Сајкс]] — англиски рок-музичар. |
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads