Бугарски воени гробишта (Цапари)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Бугарските воени гробишта во подпелистерското село Цапари биле подигнати за време на Првата светска војна, кога таму биле погребани 214 бугарски војници и офицери кои загинале во битката на Пелистер. Гробиштата се наоѓаат северозападно од црквата „Свети Ѓорѓи“.

Гробиштата биле во урнатини многу години, но биле обновени во 2004 година кога гробиштата станале и првите официјално признати бугарски воени гробишта во Република Македонија. Седумте споменици на бугарските офицери закопани во дворот на црквата „Свети Ѓорѓи“ се едни од ретките сочувани од илјадници бугарски офицерски споменици на територијата на денешна Република Македонија.[1]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads