Црква „Св. Ѓорѓи“ - Цапари
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Ѓорѓи – православна црква во близина на битолското село Цапари, дел од Преспанско-пелагониската епархија на Македонската православна црква - Охридска архиепископија.[1][2] Во близина на црквата Св. Ѓорѓи се наоѓа малата еднокорабна црква црква Св. Атанасиј и импресивниот манастирски комплекс Св. Петка.
Remove ads
Историја
Црквата е изградена во 1888 година. На нејзино место претходно постоела постара црква, за што сведочи богатата збирка на икони датирани од XVIII и XIX век. Храмот е живописан во 1890 година од дебарскиот мајстор Јосиф Мажовски.[1]
Во дворот на црквата Св. Ѓорѓи видливи се голем број на гробови на војници од бугарската војска, кои загинале во близина на село Цапари за време на Првата светска војна. Во близина на селото се наоѓаат и бугарски воени гробишта од овој период.
Remove ads
Архитектура
Во архитектонски поглед, црквата е трикорабна.
Туризам
Националниот парк Пелистер пристапи кон обележување и уредување на пешачка патека која на сите вљубеници во природата и почитувачи на културното наследство ќе им овозможи обиколка на црквите и манастирите во потпелистерските села. Првиот дел од патеката започнува од селото Трново и води преку селата Магарево и Ротино до селото Цапари, додека нејзиниот втор дел минува крај црквите и манастирите во селото Маловиште.[3]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads