Воислав Шешељ

српски политичар From Wikipedia, the free encyclopedia

Воислав Шешељ
Remove ads

Воислав Шешељ (11 октомври 1954 во Сараево) — српски политичар, правник, и писател. Тој е основач и претседател на крајно десничарската Српска радикална партија (СРП) од нејзиното формирање во 1991. Бил пратеник во српското собрание повеќе од десет години и четири пати се кандидирал за претседател на Србија. Во периодот 1996–1998 бил претседател на советот на општина Земун, а во периодот 1998–2000 бил вицепремиер на српската влада. Шешељ своеволно се предал на Хашкиот трибунал во февруари 2003 за судење против обвинувањата за злосторства против човештвото и прекршување на правилата на војување за време на војната во Југославија, но неговото судење почнало дури во ноември 2007.[1] Судскиот процес бил контроверзен: Шешељ штрајкувал со глад еден месец поради тоа што судот го одбил неговото барање да се брани без адвокат, потоа ги навредувал судиите и обвинителите за време на рочиштата, го откривал идентитетот на некои од заштитените сведоци, а не повикал ниту еден сведок да сведочи во негова одбрана.

Кратки факти Воислав Шешељ, Вицепремиер на Србија ...

По речиси 11 години минати во затворот во Шевенинген тој во ноември 2014 бил пуштен на слобода поради нарушеното здравје и се вратил во Србија.[2] Судот во март 2016 донел ослободителна пресуда во негово отсуство.[3] Шешељ себеси и поддржувачите на својата партија ги опишува како „шовинисти кои мразат Хрвати“.[4] Паравоената формација „Бели орли“ која била обвинета за воени злосторства против Хрватите за време на војната во Босна и Херцеговина била поврзана со партијата на Шешељ. Шешељ го поддржувал Слободан Милошевиќ во раните 1990-ти, а во 1998 станал вицепремиер во „владата на национално единство“ која учествувала во Косовската војна. Шешељ се залагал „голема Србија“, држава која би ја опфаќала целата територија на СФР Југославија без Словенија и северните делови од Хрватска. Тој има напишано околу 200 книги кои го содржат неговите политички размислувања и интервјуа.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads