11 октомври
датум From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Предлошка:Октомври 2025
11 октомври — 284-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (285-и во престапна година). Останува уште 81 ден до крајот на годината.
Настани:
| 1941 | Во Прилеп борците на Првиот прилепски партизански одред извршиле напад на бугарската полициска станица во градот, на прилепскиот затвор и на телефонско-телеграфската мрежа. Овој напад се смета за почетокот на востанието на македонскиот народ против бугарскиот окупатор, а со цел конечно ослободување на земјата. |
| 1954 | Во Скопје се пренесени моштите на Гоце Делчев. |
| 1963 | Директно од студиото на ТВ Скопје во Нерези, во 16 часот е емитувана првата емисија, документарниот филм „Востанати“ работена по повод 60-годишнината од Илинденското востание. |
| 1964 | Виет Мин ја презема контролата над Северен Виетнам. |
| 1994 | Во Анталија, Турција, на Петтата меѓународна конференција за безбедност и соработка, на која учествуваа високи официјални личности од земјите-членки на НАТО и КЕБС, македонската делегација ја истакнала заинтересираноста на Република Македонија за интегрирање во НАТО. |
Родени:
| 1483 | Мартин Лутер — германски духовник, водач на протестантската реформација. |
| 1865 | Јован Цвииќ — српски географ и претседател на Српската академија на науките и уметностите. |
| 1885 | Франсоа Шарл Моријак — француски писател и публицист, добитник на Нобеловата награда за литература. |
| 1910 | Љубен Лапе — редовен член на МАНУ и редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје. |
| 1937 | Боби Чарлтон — англиски фудбалер. |
| 1941 | Кирил Псалтиров — македонски глумец. |
| 1963 | Жорди Виљакампа — шпански кошаркар. |
| 1964 | Милорад Ратковиќ— српски фудбалер. |
| 1965 | Александер Хаке — германски рок-музичар. |
| 1975 | Лабина Митевска — македонска глумица. |
| 1999 | Келдон Џонсон — американски кошаркар. |
| 2001 | Даниел Малдини— италијански фудбалер. |
Починале:
| 1670 | Луј Ле Во — истакнат француски барокен архитект. |
| 1961 | Чико Маркс — американски глумец. |
| 1963 | Жан Кокто — француски писател. |
| 2000 | Матија Љубек — хрватски и југословенски кануист. |
| 2022 | Анџела Ленсбури — британско-американска глумица. |
| 2025 | Дајан Китон — американска глумица. |
Празници:
| Ден на востанието на Македонија |
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads