Волофски јазик

From Wikipedia, the free encyclopedia

Волофски јазик
Remove ads

Волофски јазик или волофнигер-конгоански јазик кој се зборува претежно во Сенегал, Гамбија и Мавританија. Ова е мајчин јазик на народот Волоф. Тој е дел од подгрупата на сенегамбиски јазици, заедно со фуланскиот и серерскиот јазик. Овој јазик не е тонски.

За други значења на поимот „Волоф“ видете ја страницата за појаснување.
Кратки факти Волофски јазик, Застапен во ...

Волофскиот потекнувал како јазик на народот Лебу.[1][2] Овој е најзборуван јазик во Сенегал, поточно од околу 40% од населението.

Remove ads

Географска распространетост

Волоф се зборува од над 10 милиони луѓе. Околу 40% (или 5 милони) од населението на Сенегал се Волоф и зборуваат волофски. Јазикот се користи за меѓусебна комуникација меѓу различните народи во Сенегал, а особено во и околу градот Дакар. Јазикот не е службен во Сенегал, бидејќи во државата службен е само францускиот.

Во Гамбија околу 3% од населението зборува волоф. Сепак, бројот на говорници на волоф во главнипт град Банџул е поголем, и таму 25% од населението зборува на волоф. Сепак, службен јазик во државата е англискиот, а околу 40% од населението зборуваат мандинка.

Околу 7% од населението на Мавританија зборуваат волофски, или 185.000 жители. Овој јазик се користи во јужниот крајбрежен регион.

Remove ads

Класификација

Волоф е еден од сенегамбиските јазици, кои се познати по мутација на согласки. Често се вели дека јазикот е тесно сврзан со фуланскиот, но ова било како погрешно читање на податоците од Сапир (1971) од страна на Вилсон (1989). Сепак, според Седерер (2009, 2010) јазикот не е сличен со фуланскиот, туку тој наоѓа неколку помали јазици посродни со волофскиот, и тие јазици се зборуваат на реката Касаманс.[3]

Remove ads

Писмо

Кратки факти

Најчесто јазикот се пишува на латиница. Латиницата била стандардизирана со владин акто во периодот од 1971 до 1985 година. Правописот е фонетски и еден глас одговара на една буква. Јазикот се пишувал и на арапско писмо, особено до колонизацијата. Денес некои луѓе сè уште користат арабица. Латиничната азбука е:

A a B b C c D d E e Ë ë F f G g I i J j K k L l M m N n Ñ ñ Ŋ ŋ O o P p Q q R r S s T t U u W w X x Y y

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads