Волчишта (Ениџевардарско)
село во Воденско/Мегленско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Волчишта или В’лчишта (грчки: Υδραία, Идреја; до 1922 г. Βόλτσιστα, Волциста[2]) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Меглен на Постолскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 496 жители (2011). Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци, а денес е мешано.[3]
Remove ads
Географија
Селото е сместено во котлината Меглен, 3 км источно од гратчето С’ботско.[3]
Историја
Во Отоманското Царство
На почетокот на XX век Волчишта било чисто македонско село во Ениџевардарска каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во селото (В’лчишта) живееле 110 Македонци христијани.[4][5]
Целото село било под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Волчишта (Voltchichta) имало 240 Македонци под патријаршијата.[4][6] Во 1909 г. во селото проработела и бугарската пропаганда кога е отворено бугарско училиште.[7] Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото се состоело од 20 македонски куќи.[3]
Во Грција
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 118 жители, кои во 1920 г. биле 125.[3] Во 1922 г. е преименувано во Идреја. Бидејќи до неодамна било чифлигарско село, во 1920-тите властите доведеле 132 грчки колонисти Турција и селото станало етнички мешано.[3] Во 1928 г. во Волчишта е заведен 261 жител од кои 149 лица (37 семејства) биле грчки дојденци, а останатите Македонци.[8]
До 1940 г. населението нараснало на 457 жители. Бројноста се задржала устојчиво и во следните десетлетија, со мали колебања. Во 1991 г. е Волчишта имало 484 жители од кои половината биле Македонци.[3]
Remove ads
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
Селото е полско, а почвата се наводнува од реката Мегленица, поради што дава високи приноси. Главни производи се граорните култури и индустриските пиперки. Населението се занимава и со лозарство и овоштарство.[3]
Личности
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads