Ворпсведе

From Wikipedia, the free encyclopedia

Ворпсведеmap
Remove ads

Ворпсведе (германски: Worpswede; долногермански: Worpsweed) — општина во округот Остерхолц, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа североисточно од градот Бремен.

Кратки факти Земја, Местоположба на Ворпсведе во рамките на округот Остерхолц ...

Во него се наоѓала жива уметничка колонија од крајот на XIX век, каде работеле над 130 уметници.

Remove ads

Географија

Општински единици

На областа на денешната општина Ворпсведе се наоѓале 23 села. Во 1920-тите години, како и во 1936 година, бројни села се споиле едно со друго, поради што бројот се намалил на 8. На 1 март 1974 година останатите седум биле припоени кон Ворпсведе. Овие осум некогаш самостојани општини ги образуваат денешните општински единици на Ворпсведе:[2]

  • Ворпсведе (со Бергедорф, Нордведе, Зидведе, Вајерделен, Вајермор, Верпедал и Ворпхајм)
  • Хитенбуш (со Финфхаузен, Хојдорф и Хитендорф)
  • Мефенштет
  • Ној Занкт Јирген
  • Остерзоде (со Мајнерсхаген и Нордзоде)
  • Плусдорф
  • Иберхам
  • Вакхаузен (со Филанд)

Соседни општини

Соседни општини на Ворпсведе се: на североисток е општината Гнаренбург, на исток се општините Бредорф, Хепштет и Тармштет, на југ се општините Грасберг и Лилиентал, на запад е градот Остерхолц-Шармбек и на северозапад е општината Фолерзоде.

Remove ads

Историја

Подрачјето на населбата има старини до бронзеното време. Првпат населбата е спомената во 1218 година, кога припаѓала на Архиепископијата Бремен.

Во 1630 година била окупирана кратко време од Шведска. Во 1648 година, Архиепископијата станала Војводство Бремен, кое било владеено во личен сојуз од Швеѓаните и од 1715 година од Хановерската династија. Меѓутоа, поминале уште 120 години додека не била започнала колонизацијата на мочурливиот дел на Тојфелсмор од страна на Јирген Кристијан Финдорф со дренажа. Во 1823 година, Војводството било распуштено и територијата станала дел од новата област Штаде.

Remove ads

Култура

Ворпсведе е познат на национално ниво по својата традиција како уметничка колонија. И денес во него творат околу 130 уметници, живеејќи во него постојано. Исто така, има бројни музеи и уметнички галерии.

Познати луѓе

  • Герхард Хауптман — текстописец
  • Рудолф Кортокракс — сликар
  • Фриц Макензен — сликар
  • Томас Ман — писател
  • Паула Модерзон-Бекер — сликарка
  • Ото Модерзон — сликар
  • Рајнер Марија Рилке — писател
  • Хајнрих Фогелер — сликар
  • Клара Вестхоф — вајарка

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads