Остерхолц-Шармбек
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Остерхолц-Шармбек (германски: Osterholz-Scharmbeck; долногермански: Oosterholt-Scharmbeek) — град во округот Остерхолц, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Претставува административно седиште на округот Остерхолц. Градот се наоѓа помеѓу градовите Бремен и Бремерхафен.
Тој е единствен град во округот Остерхолц. Настанал во 1927 година со спојување на дотогашните општини Остерхолц и Шармбек. Две години подоцна добил градски права.
Remove ads
Географија
Местоположба
Остерхолц-Шармбек се наоѓа во Северногерманската Низина, околу 22 километри североисточно од Бремен, во близина на реката Хаме, со кој градот е поврзан со Остерхолцер Хафенканал. Преку каналот Хаме-Осте денес постои пловна врска со Елба. Источно од градот се протега мочуриштето Тојферлсмор.
Градски единици
Градот Остерхолц-Шармбек се состои од градско јадро и девет градски единици:
|
|
|
Други места, кои немаат административна структура, се следниве:
|
|
|
|
|
Remove ads
Историја
Местото било првпат споменато во 1043 година како Скирнбеки (Scirnbeci). Од 1180 година, Шармбек припаѓал на Архиепископијата Бремен. Манастирот во Остерхолц бил основан во 1182 година и постоел до 1650 година, кога Долна Саксонија станал главно протестантска. Во 1648 година, Архиепископијата станала Војводство Бремен, кое најпрвин било владеено во личен сојуз од Швеѓаните, а од 1715 година од Хановерската династија. Во 1823 година, Војводството било укинато и територијата станала дел од областа Штаде во рамки на Кралството Хановер.
Во 1927 година, двете општини Остерхолц и Шармбек биле споени во една, а во 1929 година општината ги добила градските права.
Помеѓу 1978 и 1992 година, 4.200 војници на американската војска биле сместени тука, како и околу 4.000 членови на нивните семејства.
Население
- 1904: 4.701[2]
- 1909: 6.060
- 1945: 12.500
- 1961: 19.258
- 1987: 24.150
- 2004: 31.145
- 2005: 31.055
- 2010: 30.218
Remove ads
Политика
Градски совет
Градскиот совет се состои од 38 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 30.001 и 40.000 жители.[3] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.
На последните општински избори на 11 септември 2016 година биле добиени следниве резултати:
Година | SPD | CDU | GRÜNE | FDP | Граѓанска фракција | LINKE* | NPD | Gesamtzahl |
2016 | 14 | 10 | 4 | 1 | 4 | 4 | 1 | 38 |
2011 | 18 | 10 | 4 | 1 | 3 | 2 | — | 38 |
2006 | 19 | 11 | 2 | 2 | 2 | 2 | — | 38 |
2001 | 20 | 11 | 2 | 1 | 4 | — | — | 38 |
*2006 како WASG
Градоначалник
Градоначалник на градот Остерхолц-Шармбек е Торстен Роде (независен).[4]
Збратимени градови
Остерхолц-Шармбек е збратимен со следниве градови:
Од јануари 2021 година градот е член на меѓународната организација Градоначалници за мир.[5]
Познати луѓе
- Роланд Бар (р. 1965) ― веслач
- Едуард Нојман (1903-1985) ― професор и ректор на Слободниот универзитет Берлин
- Бодо Рамелов (р. 1956) ― политичар
Галерија
- Црквата „Св. Вилехади“ во Шармбек
- Ветерница во Шармбек
- Манастирот во Остерхолц
- Градскиот плоштад
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads