Востание

From Wikipedia, the free encyclopedia

Востание
Remove ads

Востание ― отворен и обично насилен бунт на општествени групи или класи против власта.

Thumb
„Востанието на Декабристите“. Сликар Василиј Перов.

На востанието му е својствено доволно ниво на организираност, постоење на цели што се образложени во програми и пароли. Во случај на успех, востанието може да кулминира со преврат или револуција и со тоа да доведе до кардинални промени во формата на владеење и во политичкиот систем.

Востанијата се проучуваат во историјата, политичката наука, социологијата, правото и филозофијата. Од правна гледна точка, востанието во голем број случаи може да се разгледува како оправдано средство за отпор од гледиште на природно-правниот пристап, но истовремено, учеството во востанија е забрането со позитивното право на повеќето држави.

Во македонскиот јазик, семантичкото поле на „востание“ е поврзано со зборовите „револуција“, „бунт“ и „метеж“, а во речниците поимот „востание“ се определува како организиран и вооружен бунт на народот против власта.

Remove ads

Општа одлика

Под востание се подразбира отворен и обично насилен бунт на општествени групи или класи против политичката власт во современите држави и во други политички ентитети. Востанието се разгледува како разновидност на политичко дејствување, како облик на политички судир, како облик на борба за власт, во текот на која на постоечкиот поредок му се заканува, меѓу другото, и насилство.

Востанието е радикално дејство преземено во вонредни околности, во кои, како што сметаат востаниците, не останува друг избор. Како политички судир, востанието излегува надвор од рамките на законот, поврзано е со агресивни методи и може да доведе до политичко насилство.

Како облик на политичко дејствување, на востанието му е својствено доволно ниво на организираност, постоење на цели што се образложени во програми и пароли. Како по правило, со востание се нарекуваат дејства што не довеле до промена на политичкиот систем. Во случај на успех, востанието може да кулминира со преврат или револуција и со тоа да доведе до кардинални промени во формата на владеење и во политичкиот систем.

Како по правило, востанието не претпоставува суштински барања во областа на политичките права и општествената положба, туку се исцрпува со задача да се смени владата и да се добијат предности за конкретни општествени групи. Востанијата често се случуваат спонтано и во некои случаи се неразличиви од револуции, преврати или граѓански војни.

Востанието може да се разгледува како долготраен судир, чии страни се власта и опозицијата и кој вклучува вооружено спротивставување. Вооруженото спротивставување на властите, кое има местен карактер и во кое воената сила на востаниците значително ѝ отстапува на воената сила на властите, може да добие форми на терористички акти или герилска војна. Во помасивни случаи, властите можат да ги признаат опонентите за полноправна завојувана страна, и судирот станува граѓанска војна.

Remove ads

Причини

Објаснувањата за востанието како насилен политички конфликт се разгледуваат во рамките на теоријата за релативна депривација и групата теории за рационално дејствување.

Во првиот случај, причините за востанието се поврзуваат со фрустрација или незадоволство што водат до гнев; во вториот случај се претпоставува дека дејствијата на востаниците се условени од рационална пресметка и се насочени кон корист.

Remove ads

Востанието и други политички процеси

Поимот востание често се определува преку правење разлика со другите видови политичко дејствување. Востанието, по правило, се одвојува од револуцијата и реформата.

Основната разлика меѓу востанието и револуцијата е во тоа што револуцијата има за цел коренита преобразба на структурата на власта во општеството и радикална промена на неговиот политички систем, додека целта на востанието честопати е ограничена на смена на владата или е сосредоточена на конкретна, ограничена цел, проблем или територија. Востанието може да има за цел менување на политичкиот курс, политичките фигури, па дури и институциите, меѓутоа, не влијае директно на социеталните структури, норми и вредности, кои се однесуваат на општеството во целина.[1]

Покрај револуцијата и реформата, востанието исто така е вообичаено да се разликува од бунтот, метежот и пучот:

  • Бунт се разликува од востание по отсуство на насоченост кон цел, минимална организираност и управливост, и се исцрпува со отпор кон одделни дејствија на владата.
  • Метеж е вооружен настап подготвен од одредена група лица со поограничен број учесници отколку за време на бунт (обично јадрото на метежот го сочинуваат претставници на армијата или другите безбедносни структури, кон кои се придружуваат одредени слоеви од населението).
  • Пучот е обид да се изврши државен преврат, поттикнат од мала група заговорници.

Според една од класификациите, востанието (кое се разликува од револуцијата) може да добие форма на народно востание (англ. mass rebellion), востание на елитите (англ. elite rebellion) и воен бунт (англ. military rebellion).[2]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads