Вотје
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Вотје (маршалски: Wōjjā[1]) е корален атол во Маршалските Острови. Атолот е дел од Ратачките Острови и е составен од 75 мали островчиња. Вотје е една од општините во Маршалските Острови. Вкупната копнена површина на атолот е 8.18 км2, има лагуна со 624 км2 и тоа го прави атолот еден од најголемите во државата. Според податоците од 1999 година на атолот живееле 900 жители, додека во 1997 година имало 1000 жители, вклучувајќи ги и 200-те ученици кои се образуваат на атолот. Некои од поголемите островчиња на атолот се Вотје, Бодао, Енеџелталк, Укон, Ветвирок, Кајкен, Вормеџ, Кимаџо, Нинум и Кабен.
На Вотје има 4 цркви, неколку продавници, четири училишта, од кои три се државни а едно приватно. Атолот со остатокот од земјата е поврзан по морски пат, но на атолот се наоѓа и Аеродромот Вотје.
Remove ads
Клима
Remove ads
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads