Маршалски Острови

From Wikipedia, the free encyclopedia

Маршалски Острови
Remove ads

Маршалски Острови[3], служб. Република Маршалски Острови (маршалски: Aolepān Aorōkin M̧ajeļ) — островска република во Микронезија, Океанија. Маршалските Острови се составени од 29 острови и атоли. Најголем остров е Кваелин, а сигурно најпознат е атолот Бикини, на кој САД ја извршиле првата проба на атомска бомба.

Кратки факти Aolepān Aorōkin M̧ajeļRepublic of the Marshall IslandsМаршалски Острови, Најголем град ...

Главен град е Маџуро, на истоимениот остров. Површината на островот е 181 км2, каде што живеат повеќе од околу 60.000 жители. Религијата е христијанска со 97%, а додека остатокот се бахаи со 2%. Службени јазици се маршалски јазик и англиски јазик.

Remove ads

Потекло на поимот

Името на островите е дадено во чест на британскиот капетан Џон Маршал. Тој за првпат ги документирал островите во 1788 година. На маршалски јазик државата се пишува M̧ajeļ и во македонскиот е влезен преку англискиот јазик, а се среќава и терминот Маршалови Острови.

Историја

Thumb
Печурка од атомска бомба за време на пробите на САД на атолот Бикини.

Иако Маршалските Острови биле населени уште во 2 милениум п.н.е., денес малку податоци имаме за раната историја на државата. Луѓето емигрирале на островите со кануа.

Шпанскиот истражувач Алонсо де Салазар бил првиот Европеец кој пристигнал на островите во 1526 година, но тие повторно не биле посетени од Европејци сè до доаѓањето на британскиот капетан Џон Чарлс Маршал во 1788. Островите биле именувани според него на англиските карти. Но подоцна островите биле припоени кон Шпанска Океанија. Во 1874 година шпанското владеење врз островите било признато од меѓународната заедница. Во 1884 година островите биле продадени на Германија. Подоцна островите станале дел од Германска Нова Гвинеја.

Во 1979 година, Владата на Маршалските Острови била официјално основана и државата станала самоуправувачка. Во 1986 година Маршалските Островите потпишале договор со САД за слободна соработка со кој САД гарантирал независност и суверенитет на островите. Во 1990 Маршалските Острови станале членка на ООН.

Remove ads

Географија и клима

Thumb
Карта на Маршалските Острови.

Државата се состои од 29 атоли и 5 острови. Најважни се ланецот острови Ратак и Ралик. Ненаселените острови се:

Политички систем

Thumb
Парламентот на Маршалските Острови.

Владата на Маршалските Острови оперира во рамки на парламентарен претседателски систем. Избори во државата се одржуваат секои четири години и луѓето кои имаат над 18 години имаат право на глас. Претседателот е шеф на државата, но и претседател на владата и е избран од 33 сенатори, пратеници во Парламентот на Маршаловите Острови локално наречен „Нитиџела“ или долен дом.

Законодавната власт е во рацете на парламентот, односно долниот дом.Горниот дом, или Советот, е составен од 12 членови. извршната власт е во рацете на претседателот и кабинетот кој е составен од 10 министри назначени од самиот претседател со одобрение на парламентот.

Remove ads

Административна поделба

Стопанство

Растот н БНП во последните години на државата е 1% поради неефикасност на владата, падот на туризнмот и падот на странски инвестиции во државата.

Даноците во државата се релативно мали. Земјоделството е присутно со мали фарми на кои се произведува кокос, домат и лубеници.

Население, јазик и религија

Маршалците се микронезиски народ кои мигрирале на островите од Азија. две третини од населението живее на островот Маџуро и во истоимениот град.

Службени јазици во државата се маршалски јазик и англиски јазик и над 97% од населението се христијани, воглавно протестанти.

Култура

Во државата има два колеџа: Колеџ на Маршалските Острови и Универзитет на Јужен Тихи Океан.

Иако англискиот е службен јазик и се зборува насекаде, маршалскиот јазик се користи во владата. Исто така и јапонски јазик се зборува во државата. Маршалците се искусни во морепловство и веслање со кану.

Наводи

Надворешни врски

Поврзано

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads