Војводина

From Wikipedia, the free encyclopedia

Војводина
Remove ads

Војводина — автономна покраина во рамките на Република Србија. Нејзин главен град, а воедно и најголем град во Војводина е Нови Сад. Војводина е со мешан етнички состав, повеќе од 26 различни етнички групи и 6 службени јазици.Војводина има околу 2000000 жители, од који најмногу се Срби (65%-70%), потоа Унгари (14%), Словаци (2,79%), Хрвати (2%), Југословени (2%), Црногорци (1,80%), Буњевци (1,50%), Македонци во Качарево, Јабука, Пландиште и Зрењанин и други националности. Религија: Православни 70%, Католици 17%, Протестанти 3,50% и други

Thumb
Кратки факти Службен јазик, Уредување ...
Remove ads

Историја

Thumb
Големиот народен собор на Србите, Буњевците и другите Словени во Банат, Бачка и Барања го прогласило обединувањето на Војводина со Кралството Србија, 1918.

Со крајот на Првата светска војна, Австроунгарското Царство се распаднало. На 29 октомври 1918, Срем станал дел од Државата на Словенците, Хрватите и Србите. На 31 октомври 1918, била прогласена Банатска Република во Темишвар. Унгарската влада ја признала нејзината независност, но тоа траело кратко.

На 25 ноември 1918, Големиот народен собор на Србите, Буњевците и другите Словени во Банат, Бачка и Барања во Нови Сад го прогласило обединувањето на Војводина (Банат, Бачка и Барања) со Кралството Србија (Соборот броел 757 делегати, од кои 578 биле Срби, 84 Буњевци, 62 Словаци, 21 Русини, 6 Германци, 3 Шокци, 2 Хрвати и 1 Унгарец). Еден ден претходно, на 24 ноември, во Рума било прогласено обединувањето на Срем со Србија. На 1 декември 1918, Војводина (како дел од Кралството Србија) официјално станала дел од Кралството на Србите, Хрватите и Словенците.

Помеѓу 1929 и 1941, регионот бил дел од Дунавската бановина. Нејзино седиште бил Нови Сад.

Remove ads

Галерија

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads