Во занданата

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Во занданата (српски: U zindanu) — расказ на писателот Иво Андриќ.

Содржина

Бидејќи старешината на манастирот е отсутен, калуѓерот Марко оди во Травник кај помошникот на везирот, за да ја плати давачката. Таму, меѓу нив започнува силна кавга и фра Марко е затворен во малата затворска ќелија, каде го полеваат со студена вода. Во соседната ќелија е затворен еден православен поп, кој го советува Марко да го поткупи чуварот на затворот и така да се спаси од измачувањето. Потоа, во разговорот со него, фра Марко дознава дека двајцата се познаваат од минатогодишното судење меѓу православната и католичката црква. Поради тоа, двајцата свештеници почнуваат да се смеат поради тоа што помошникот на везирот ја искористува неслогата меѓу двете цркви.[1]

Remove ads

Осврт кон делото

Четири раскази на Андриќ, „Во мусафирханата“, „Во занданата“, „Исповед“ и „Покрај казанот“, се посветени на католичкиот калуѓер Марко Крнета. Во нив, авторот сликовито го портретирал ликот на калуѓерот како суров селанец, човек на елементарната природа, но со невино срце зачудено пред злото со кое е обвиен светот. Притоа, Андриќ ја создава личноста на фра Марко супериорно интелектуално и несентиментално, но и без иронија кон неговата неученост и примитивност.[2]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads