Врањевци
село во Општина Новаци From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Врањевци — поранешно село во Општина Новаци, во околината на градот Битола.
Remove ads
Географија
Селото лежи во средишниот дел на Битолското Поле, на надморска височина од 660 метри, а од градот Битола е оддалечено 17 километри. Поради проширување на рудникот Суводол во 1961 година, селото било напуштено и денес е целосно раскопано и уништено.
Историја
Во XIX век селото било дел од Битолската каза на Отоманското Царство.
Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[2]
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Врањевци живееле 230 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Врањевци имало 200 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Врановци се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 24 куќи.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[6]
Селото е целосно раселено, така според пописот од 2002 година во селото не се забележани жители.[7] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
Врањевци било чисто македонско село.
Родови во Врањевци биле: Ерговци (8 к.), Мушковци (2 к.), Јосифовци (2 к.), Пашовци (2 к.) и Шишковци (2 к.) за овие родови се вели дека се многу стари, возможно е да се староседелци; Шаторовци (6 к.), Ристевци (6 к.) и Шуплевци (3 к.) доселени се однекаде; Мегленчани (2 к.) доселени се од селото Мегленци во XIX век; Шкорлевци (2 к.) доселени се на крајот од XIX век од селото Арматуш.[12]
Цркви
Археолошки наоѓалишта
- Археолошки наоѓалишта[15]
- Поројница — некропола од римско време;
Личности
- Цане Здравковски (1936 - 2010) - македонски писател;
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads