Вромери
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Вромери (грчки: Καλλιθέα, Калитеја) — село во Општина Катерина во округот Пиерија, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 4 километри источно од градот Катерина и на 2 километро западно од Вромероскала, на надморска височина од 10 метри.
Историја
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија.
Демографија
Во 1928 година селото било чисто бегалско со 26 семејства и 102 бегалци[2], додека во 1940 година селото броело 793 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 1027 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 1119 жители, во 1971 година имало 1073 жители, во 1981 година имало 1297 жители, додека во 1991 година имало 1970 жители[3]. Денеска, населението на селото е 3134 жители според пописот од 2011 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads