Вроштани
село во Населичко, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Вроштани или Врождани (грчки: Άγιοι Ανάργυροι, Агии Анаргири; до 1927 г. Βρόστιανη, Вростјани[2]) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 16 жители (2021).
Remove ads
Географија
Селото е сместено во областа Населица, во источното подножје на планината Горуша. Лежи 30-ина километри југозападно од Лапчишта и околу 25 км северозападно од Цотил. На запад се граничи со селото Драмишта, а на југ со Костанско.
Историја
Во Отоманското Царство
Од името е очигледно дека селото првично било македонско. На крајот на XIX век Вроштани било муслиманско гркојазично село во Населичката каза.
Вроштани е едно од малкуте населени места испуштени во бугарските статистики на Васил К’нчов и Димитар Мишев од почетокот на XX век.
Според статистика на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Вроштани (Βρόστιανη) живееле 140 Валахади (Грци-муслимани).[3]
Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. На пописот истата година се заведени 279 жители.[4] кои во 1920 г. биле 286.[5]
Кон средината на 1920-тите жителите на селото како муслимани се иселени Турција по сила на Лозанскиот договор и на нивно место се доведени грчки доселеници од Понд. Во 1928 г. Вроштани е заведено како наполно дојденско село со 182 жители (46 семејства).[6]
Во 1940 г. населението на Вроштани броело 286 жители, но во 1960-тите населението драстично се намалило поради масовното преселување во градовите.[5] Ова намалување продолжило и понтаму, до денешен ден.
Во 1927 г. македонското име е сменето во Агии Анаргири (што значи Свети Бессребреници).
Remove ads
Население
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
Населението одгледува жито, компири, тутун и др. Делумно е застапено и сточарството.[5]
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads