Лапчишта
гратче во Населичко, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Лапчишта (дијалектно: Лапчишча; грчки: Νεάπολη, Неаполи; до 1928 г. Λαψίστα, Лапсиста или Λειψίστα, Липсиста[2]) — гратче во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 2.036 жители (2021).
Remove ads


Remove ads
Географија
Гратчето е сместено во областа Населица (по која го носи неговото алтернативно име), 47 км западно од Кожани и 22 км северозападно од Сачишта.[3]
Историја
Во Отоманското Царство
Од името на селото се гледа дека првично било македонско. Топонимот потекнува од старословенскиот поим хлапъ што значи „слуга“.[4]
Во XIX век Лапчишта е седиште на Населичката каза во Серфичкиот санџак. Другото име на гратчето е Населица, наречено по оваа област (со турски облик Населич и грчки облик Анаселица).
Поради раното присуство на грчките притисоци, гратчето со време станало наполно порчено и гркојазично, но било мешано по вероисповед. Било најголемото место населено со исламизирани „Грци“, т.е. Валахади, кои веројатно биле од поинаква народност по крв. Според тенденциозната големогрчка статистика на Александар Синве („Les Grecs de l’Empire Ottoman. Etude Statistique et Ethnographique“) во 1878 г. во Лапсисти (Lapsisti), Шишанска епархија, живеле 1.800 Грци.[5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Лапчишта имало 800 жители Грци христијани, 1.200 Грци-муслимани (Валахади), како и 200 Роми.[6]
По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Лапчишта Населич (Lapsichta Nasselitch) имало 600 Грци и 1.200 Роми (Валахадите).[7]
Според грчка статистика од 1904 г. во Лапсиста живееле 2.000 Валахади и 200 Грци христијани.[8]
Во 1906 г. е изградена црквата „Св. Троица“.[9]
Во Грција
По Балканските војни во 1913 г. Лапчишта е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година во него се попишани 1.047 жители, кои во 1920 г. нараснале на 1.401 жител. Во 1920-те муслиманските жители се иселени во Турција, а на нивно место се доведени грчки колонисти од Мала Азија, Источна Тракија и Понд. Во 1928 г. гратчето е заведено како мешано мештанско-дојденско село со 1.592 жители,[3] од кои 978 лица (239 семејства) биле дојденци.[10]
Во 1928 г. властите го преименувале гратчето во Неаполис, што во превод значи „нов град“.[11]
Во 1940 г. Лапчишта пораснало на 1.944 жители и продолжило да расте во следните десетлетија, заклучно со денес.[3]
Во 1972 г. е завршена црквата „Св. Ѓорѓи“.[12] Во 1981 г. на еден рид јужно од градот е подигната и црквата „Свети Илија“, осветена во 1984 г. од митрополитот Антониј Шишански и Сачишки.[13]
Во Лапчишта има и стари цркви — „Св. Дух“ на југоисточниот крај и „Св. Никола“.[9]
Remove ads
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
Покрај трговијата и дуќанџиството, населението се занимава и со одгледување на жито, тутун и други земјоделски производи.[3]
Личности
- Родени во Лапчишта
- Ахмед Изет Фургач-паша (1864 – 1937) — војсководец, голем везир на Отоманското Царство
- Дела Руник (р. 1947) — уметник, поетеса и стопанственичка
- Мехмед Наки Јуџеќок (1866 – 1949) — отомански офицер и турски политичар
- Починати во Лепчишта
- Спиридон Дукис (? – 1906) — гркомански андартски деец
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads