Врчва (Долни Балван)

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Врчваархеолошко наоѓалиште во штипското село Долни Балван, Општина Карбинци. Претставува населба од доцноантичко време.

Повеќе информации Основни податоци ...

Во подножјето на северниот крај на сртот Ежов Рид, од неговата источна страна има простор од околу 5-6 хектара, малку поткренат и со широк поглед кон полето и селото. Речиси целиот е прекриен со расфрлени парчиња од тули, тегули и керамички садови работени на колце, со сива боја украсувани со орнаменти изведени со печати, кои се исфрлени на површината со перманентните земјоделски работи. Уште во педесеттите години селаните откопале две стебла од столбови, два коринтски капитела и база, сите изработени од зелен песочник, кои се чуваат во Заводот и музеј во Штип. Населбата лежи 2 км североисточно од селото, во нивата на ЗИК „Црвена ѕвезда“, некогаш сопственост на семејството Кокошкарови.[1]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads