Општина Карбинци

општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Општина Карбинци
Remove ads

Општина Карбинциопштина во Источна Македонија. Центар на општината е селото Карбинци.

Кратки факти Општина Карбинци, Држава ...
Thumb
Карта на Општин Карбинци со селските атари.
Thumb
Демографска карта на Општин Карбинци со селските атари.
Remove ads

Географија

Карбинци е оддалечено 13 километри од градот Штип. Карбинци се наоѓа во подножјето на планината Плачковица и доста е богато со житни и градинарски култури.

Историја

На територијата на Општина Карбинци се пронајдени вредни археолошки наоѓалишта, кои зборуваат за долгата историја на ова подрачје. Така, за време на работите на хидросистемот Злетовица, при ископувањата во наоѓалиштето „Грнчарица“, во близината на селото Крупиште, била откриена населба од раниот неолит, при што биле пронајдени предмети и керамика чија старост е проценета на околу 6 000 години п.н.е. Малку подалеку бил откриен каменот на кој првата организирана човечка заедница во Македонија ги изработувала своите орудија од кремен. На тој начин, таа се смета за најстара неолитска населба на територијата на Македонија. На истата локација бил откриен скелетот, кој го добил името „Славе Македонски“, за кого, според анализата на коските направена на Универзитетот во Глазгов, се претпоставува дека е стар 7 745 години, што го прави еден од најстарите скелети во Југоисточна Европа. Исто така, во наоѓалиштето „Вршник“ (во атарот на селото Таринци) е пронајдена населба од времето на неолитот (од 6 200 до 3 500 година п.н.е.). Археолошки експонати од античкиот период (од 2 век до 4 век п.н.е.) се пронајдени во наоѓалиштето „Кнежевска Могила“, во атарот на селото Таринци, и во гробницата кај селото Црвулево.[2]

Remove ads

Стопанство

Демографија

Според проценка од 2016, општина Карбинци има 3.958 жители.

Повеќе информации Народ, Вкупно ...
Вероисповед Вкупно
православни 3.254
муслимани 729
католици 0
протестанти 0
останати 21
Јазик Вкупно
македонски 3.219
албански 0
турски 716
ромски 2
влашки 49
српски 11
бошњачки 0
останати 15
Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Градоначалник на општина Карбинци е Виктор Паунов од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој бил избран на локалните избори од 2025 година за мандат од четири години.[3]

Согласно одлука на Владата на Македонија од 27 септември 2024 година, Советот на општината брои 9 члена.[4]

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

  • ФК Карбинци

Иселеништво

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads