Вселенска опсерваторија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Вселенска опсерваторија
Remove ads

Вселенска опсерваторија — направа во вселената наменета за набљудување на далечни астрономски објекти и појави која обично инструменти како телескопи и др. Ваквата опсерваторија се разликува од другите опсерватории, сместени во вселената кои се насочени кон Земјата за разузнавачки и други видови на собирање на информации.

Thumb
Вселенски опсерватории и нивниот работен бранов опсег
Thumb
Вселенски опсерватории и нивниот работен бранов опсег
Remove ads

Вовед

Thumb
„Спицер“, „Хабл“ и „XMM-Њутн“ со нивните најважни делови

Астрономските набљудувања што се вршат од Земјата се соочуваат со пречки и пореметувања во електромагнетното зрачење (наречено треперење) поради атмосферата. Некои земски телескопи (како на пр. Многу големиот телескоп, VLT) ги ублажуваат атмосферските пореметувања со адаптивна оптика. Вселенскиот телескоп пак, кружи (орбитира) околу Земјата над нејзината атмосфера, и затоа не се соочува со треперењето на атмосферата и светлинското загадување од вештачки извори на Земјата (оттука ваквата астрономија може да се нарече и вонатмосферска).

Вселенските набљудувања се од голема важност за астрономијата бидејќи можат да работат со сите видови бранови од електромагнетниот спектар кои инаку би се одбиле или силно пореметиле од атмосферата на Земјата (такви се сите видови бранови освен видливата светлина и радиобрановите). На пример, рендгенските зрачења од вселената се недостапни за земската астрономија и почнале да се изучуваат како важни дури по пуштањето на рендгенски вселенски телескопи како што е „Чандра“ и опсерваторијата XMM-Њутн. Истото во голема мера важи за инфрацрвеното и ултравиолетовото зрачење.

Вселенските опсерватории можат да се поделат во де класи: мисии за картографско извидување на сето небо (наречени прегледи) и опсерватории што подробно се задржуваат на дадени делови од небото.

Досега сателити со вакви опсерватории имаат повеќе државни вселенски управи: НАСА (САД), ИСРО (Индија), ЕСА (Европа), ЈАКсА (Јапонија) и „Роскосмос“ (Русија).

Remove ads

Историја

Првиот кој дошол на идеја а телескоп во вселената бил американскиот астрофизичар Лиман Спицер во 1946 г, една деценија пред пуштањето на првиот сателит.[1]

Замислата е остварена по неколку децении, со пуштањето на „Хабл“ во 1990 г., which was launched on by шатлот „Дискавери“ (STS-31).[2][3]

Поврзано

  • Земјонабљудувачки сателит
  • Список на вселенски телескопи
  • Опсерваторија
  • Ултравиолетова астрономија

Наводи

Loading content...

Надворешни врски

Loading content...
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads