Светлинско загадување

From Wikipedia, the free encyclopedia

Светлинско загадување
Remove ads

Светлинско загадување — вид на загадување предизвикано од претерано или нападно вештачко осветлување, најчесто во градските средини. Меѓународното здружение за темно небо (International Dark-Sky Association, IDA) го дефинира светлинското загадување на следниот начин:

Какво било штетно на вештачкото осветлување вклучувајќи небесен сјај, блескање, намалена видливост навечер и изгубена енергија.[1]

Thumb
Видливост на ноќното небо од светлински загадена градска и светлински чиста селска средина.
Thumb
Улична светилка со рамна леќа која не ѝ дозволува на светлината да бега погоре од хоризонталата и со тоа да троши непотребна енергија и да го загадува небото

Ваквото загадување, како и секој друг облик на загадување, предизвикува промени во екосистемот и штетно влијае на здравјето на луѓето, зашто го нарушува циклусот на ден и ноќ[2] и придонесува за несоницата.[3] Исто така ги пригушува ѕвездите на ноќното небо за жителите на градовите и им пречи на астрономските опсерватории.

Светлинското загадување може да се подели на два типа: здодевно светло, кое е како натрапник на инаку природниот или слабо осветлен предел, и прекумерно светло, најчесто внатре, што предизвикува нелагодност и штетни влијание по здравјето.

Во раните 1970-ти години создадено е глобално движење на луѓето кои се борат за да се намали количеството на ваквото загадување.

Светлинското загадување може да се измери на Бортловата скала во девет класи, изразено во гранична величина видлива за голото око (NELM).

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads