Втора Полска Република

република во периодот 1918-1939 From Wikipedia, the free encyclopedia

Втора Полска Република
Remove ads

Втора Полска Република (полски: II Rzeczpospolita Polska) - историска полска држава во Средна Европа во меѓувоениот период. Постоела од 11 ноември 1918 година до 6 октомври 1939 година (капитулација во Инвазија на Полска (1939)), сепак имала влада во егзил до 6 јули 1945 година. По Втората светска војна станела сателитска држава на СССР (Народна Република Полска).

Кратки факти Rzeczpospolita PolskaII RzeczpospolitaРепублика Полска Втора Република, Главен град ...
Remove ads

Демографија

Thumb
% на етнички Полјаци по војводства според пописот од 1931 година

Историски гледано, Полска речиси секогаш била мултиетничка земја. Ова особено важи за Втората Република, кога на крајот на Првата светска војна била постигна независноста и последователаната Полско-советска војна, која официјално завршила со Договорот од Рига. Според пописот од 1921 година 30.8% од населението претставувале етнички малцинства,[1] во споредба со 1.6% (самоидентификувајќи се со не-полска етничка група) или 3.8% (вклучувајќи ги оние кои се идентификуваат и со полската и со друга етничка група) на пописот во 2011 година.[2] Првиот бран на спонтана преселба на околу 500,000 Полјаци од Советскиот Сојуз се случил за време на реконституирањето на суверена Полска. Во вториот бран, помеѓу ноември 1919 и јуни 1924, околу 1,200,000 луѓе ја напуштиле територијата на СССР и се преселиле во Полска. Се проценува дека околу 460,000 од нив зборувале полски како прв јазик.[3] Според пописот од 1931: 69% од населението биле Полјаци, 14% биле Украинци, околу 10% Евреи, 3% Белоруси, 2% Германци и 3% други, вклучувајќи Литванци, Чеси, Ерменци, Руси и Роми. Ситуацијата со малцинствата била комплексна и се менувала во текот на овој период.[4]

Полска исто така била нација со многу религии. Во 1921, 16,057,229 жители (околу 62.5%) биле Римокатолици, 3,031,057 (околу 11.8%) биле Католици од источен обред (повеќето припадници на Украинската гркокатоличка црква и Ерменската католичка црква), 2,815,817 (околу 10.95%) биле Православни, 2,771,949 (околу 10.8%) биле Евреи, и 940,232 (околу 3.7%) биле Протестанти (претежно Лутеранци).[5]

До 1931, Полска го имала второто по големина еврејско население во светот, при што една-петтина од сите Евреи во светот живееле во нејзините граници (околу 3,136,000).[1] Градското население во меѓувоениот период постојано се зголемувало; во 1921, само 24% од населението живеело во градовите, а во доцните 1930-ти, тој процент се зголемил на 30%. За една деценија населението во Варшава се зголемило за 200,000, на Лоѓ за 150,000, и на Познањ – за 100,000 жители. Ова се должи не само на внатрешната миграција, туку и на екстремно високата стапка на наталитет.[6]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads