Втора Шпанска Република

From Wikipedia, the free encyclopedia

Втора Шпанска Република
Remove ads

Втората Шпанска република (1931-1939) (шпански: Segunda República Española) е вториот случај од историјата на Шпанија кога формата на државно управување се променила по избори. Првиот таков случај бил во периодот од 1873 до 1874 година, кога опстојувала Првата Шпанска република.

Кратки факти Втора Шпанска републикаRepública Española, Главен град ...
Remove ads

Формирање на Републиката

Thumb
Алегорија на Шпанската Република, на која се прикажани републиканска симболика како што се фригиската капа и мотото Libertad, Igualdad, Fraternidad

Втората Шпанска република била основана на 14 април 1931 година по поразот на Алфонсо XIII од Шпанија на локалните избори и неговата абдикација. По прогонот на кралот била формирана привремена влада на чело со Нисето Алкала Самора и истата се задржила до 9 декември 1931 година кога бил донесен новиот Устав. Со Шпанија во тој период раководела републиканско-социјалистичката партија на Мануел Асанар.

Прв претседател (1931-1936) на оваа република станал Нисето Алкала Самора. Баскија и Каталонија ја објавиле својата независност, но истата не ја добиле. На изборите во 1933 година, на власт дошол радикалот Алехандро Лерукс, но во парламентот имал поддршка од страна на ИКНД, десничарска партија раководена од страна на Хосе Марија Хил Роблес. Кога во власта влегле трите министри од ИКНД на 1 октомври 1934 година, во Астурија и Каталонија избувнале востанија на социјалистите и анархистите.

Создавањето на народен фронт им овозможило на левицата на изборите од 16 февруари 1936 година да ја зазеде власта. Така, вториот претседател на републиката станал Мануел Асанар.

Remove ads

Граѓанската војна

Но, републиката била вовлечена во голема криза кога генералот Франсиско Франко извршил воен преврат со кое го означил почетокот на Шпанската граѓанска војна. Републиканските сили успеале да се задржат на власт до 1 април 1939 година, кога генералот Франко успеал да го заземе Мадрид со помош на т.н. Петта колона.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads