1936
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1936 (MCMXXXVI) — престапна година според општоприфатениот календар. Тоа била 1936 година од новата ера, 936. од вториот милениум, 36. од XX век и седма од 1930-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7444 и 7445 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6686 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5696 и 5697 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2689.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1936 година се протега во 4572 и 4573, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4632 и 4633 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2479. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1354 и 1355 исламска година.
Remove ads
Настани
јануари
- 20 јануари - Едвард VIII станал крал на Обединетото Кралство.
февруари
март
април
мај
јуни
јули
- 17 јули - Почнува Шпанската граѓанска војна.
- 18 јули - Шпанска граѓанска војна: востаниците ја заземаат Галисија, западна Кастиља, западна Андалусија и Арагон.
август
- 4 август - Грчкиот премиер Јоанис Метаксас врши државен удар и воведува диктатура во земјата.
септември
октомври
ноември
декември
Remove ads
Родени
- 28 јануари - Исмаил Кадаре, албански писател
- 23 април - Рој Орбисон, американски пејач
- 17 јуни - Кен Лоуч, британски режисер
- 18 август - Роберт Редфорд, американски глумец
- 21 август - Вилт Чембрлен, американски кошаркар
- 29 септември - Силвио Берлускони, италијански премиер
- 5 октомври - Вацлав Хавел, чешки писател и претседател
Починале
- 27 февруари - Иван Павлов, руски психолог
- 18 март - Елефтериос Венизелос, грчки политичар
- 8 мај - Освалд Шпенглер, германски филозоф
- 18 јуни - Максим Горки, руски писател
- 28 јуни - Александар Беркман, руски анархист
- 19 август - Федерико Гарсија Лорка, шпански поет
- 25 август - Григориј Зиновјев, руски комунист
- 18 ноември - Ганчо Хаџипанзов, македонски револуционер и поет, учесник во Шпанската граѓанска војна
- 20 ноември - Буенавентура Дурути, шпански анархист
- 31 декември - Мигел Унамуно, шпански филозоф
Remove ads
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads