Втора грчка република
грчката држава во периодот 1924-1935 From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Втора Грчка Република (грчки: Β΄ Ελληνική Δημοκρατία) ― историографски поим за политичкиот режим во Грција во периодот помеѓу 1924 и 1935 година.[1] Уредувањето следело после периодот на уставната монархија под монарсите од династијата Гликсбург, и траела до нејзиното отфрлање со воен пуч со која била обновена монархијата. Втората република го означува вториот период во современата грчка историја во кој Грција не била водена од крал, при што собранијата и привремените влади за време на Грчката револуција се сметани за Првата република.
![]() Оваа сторија е дел од темата: | |||
Преаисториска Грција | |||
Хеленски период | |||
Кикладички период | |||
Минојска цивилизација | |||
Микенска цивилизација | |||
Грчки стар период | |||
Стара Грција | |||
Архаичен период во Грција | |||
Класична Грција | |||
Хеленска Грција | |||
Римска Грција | |||
Средновековна Грција | |||
Византиско Царство | |||
Отоманска Грција | |||
Модерна Грција | |||
Грчка војна за независност | |||
Кралство Грција | |||
Грција во II светска војна | |||
Граѓанска војна во Грција | |||
Воена хунта | |||
Хеленска Република | |||
Тематска историја | |||
Економска историја на Грција | |||
Воена историја на Грција | |||
Уставна историја на Грција | |||
Имињата на Грците | |||
Грчка уметност |
Втората република била прогласена на 25 март 1924 година,[2] како последица на поразот на Грција во Грчко-турска војна (1919-1922), за кој била обвинувана ројалистичката влада. За време на нејзиното кратко постоење, Втората република се покажала за нестабилна. Грчкото општество и понатаму останало поделено, како и по Националниот раскол, помеѓу прорепубликанските Венизелисти и монархистите претставени од Народната партија, кои одбивале дури и да ја признаат легитимноста на Републиката.
Расколот во општеството се проширил и на културни и општествени прашања, како разликите за употребата на грчкиот јазик до архитектонските стилови. На оваа поларизација било додадено и дестабилизирачкото вклучување на војската во политиката кое резултирала со неколку удари и обиди за државен удар. Економијата била во пропаст после една декада на војување како и неможноста да бидат поддржани 1.5 милион бегалци кои пристигнале со размената на население со Турција.
И покрај напорите на реформистичката влада на Елефтериос Венизелос во 1928–1932, Големата депресија имала катастрофално влијание врз грчката економија. Победата на Народната партија во 1933, и двата неуспешни државни удари од страна на Венизелистите, го отвориле патот за повторно стапување на власт на кралот Георги II.
Remove ads
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads