Грчка војна за независност

From Wikipedia, the free encyclopedia

Грчка војна за независност
Remove ads

Грчката војна за независност, исто така позната како Грчка револуција (грчки: Ελληνική Επανάσταση, elliniki Epanastasi; отомански: يونان عصياني Yunan İsyanı) — претставува успешна војна за независност предводена од страна на грчките револуционери помеѓу 1821 и 1830 година, со помош на неколку европски земји, против Османлиското Царство, кои пак биле помагани од страна на нивните вазалства Египет и Тунис.

Кратки факти Грчка војна за независност, Датум ...
Remove ads

Заднина

По распаѓањето на Византија и заземањето на Цариград од страна на Отоманското Царство, голем број на Грци се нашле под османлиска власт. Во тоа време, избувнале неколку револти од страна на Грците чија цел била добивањето на независност. Тајната грчка националистичка организација наречена "Пријателско општество" била основана во Одеса во 1814 година. Членовите на организацијата планирале кревање на востание со поддршка на богатите грчки егзилски заедници во Велика Британија и САД. Тие, исто така, добиле поддршка во Западна Европа, како и од Русија. Организацијата ја поддржувал и Јоанис Каподистријас, кој бил руски министер за надворешни работи. Тој станал водач на востанието. На 25 март (сега Ден на Независноста на Грција) 1821 година, православниот епископ Германос од Патра го означил почетокот на востанието.[2][3]

Remove ads

Почеток и тек на востанието

Thumb
Злосторства против грчкото население во Константинопол, април 1821. Патријархот Григориј V бил погубен од страна на властите.

Востанието било застапено во цела Грција, вклучително и делови во Македонија, Крит и Кипар. Некои од првите грчки активности биле преземени против невооружените отомански населени места. Околу 40% од турските и албанските муслимански жители на Пелопонез непосредно биле убиени, а останатите биле депортирани.[4]

Османлиите наскоро, како одмазда, го масакрирале грчкото население на Хиос и други градови. Овие настани предизвикале дополнителни симпатии на Западна Европа кон грчкото ослободително движење, иако некои се сомневале во руската позадина на востанието. Грчките востаници немале можност да создадат привремена влада на веќе ослободените делови на земјата. Војните продолжиле во 1825 година, кога османлискиот султан испратил огромна војска од Египет.

Remove ads

Странска интервенција против Османлиите

Thumb
Поморската Битка кај Наварино од Амбруаз Луи Гарнере (1827).

По смртта на поетот Лорд Бајрон во 1824 година, западните сили увидиле дека е крајно време за нивна интервенција. Во октомври 1827 година, британските, француските и руските флоти, по иницијатива на локалните команданти, ја поразиле отоманската флота во Битката кај Наварино. Ова било одлучувачки момент во војна за независност на Грција. Во октомври 1828, француските војници пристигнале на Пелопонез во знак на поддршка. Под нивна заштита, Грците успеале да ја создадат владата.

Така, на 11 мај 1832 година, Грција конечно била признаена како суверена држава. Јоанис Каподистријас, кој бил шеф на непризнаена Грција од 1828 година, бил убиен во октомври 1831 година. За да се спречи натамошното експерименти во републиканската влада, западните сили инсистирале земјата да стане монархија. Така, Отон I Грчки бил избран за првиот монарх на земјата.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads