Втора чеченска војна

From Wikipedia, the free encyclopedia

Втора чеченска војна
Remove ads

Втората чеченска војна, во подоцнежна фаза попозната како Војната во Северен Кавказ,[20] е војна која била започната од воените сили на Руската Федерација на 26 август 1999 година, како одговор на Дагестанската војна од страна на Исламската меѓународна бригада.

Кратки факти Втора чеченска војна, Датум ...

На 1 октомври руските сили влегле во Чеченија.[21][22]. Кампањата на руските сили завршила со де факто независност на Ичкерија и враќање на територијалниот интегритет и контрола на руските власти. И покрај тоа што конфликтот се смета за внатрешен во рамките на Руската Федерација, војната привлекла големо влијание, а привлекла и голем број на странски волонтерски војници.

Во текот на почетната фаза од конфликтот, руските воени сили и проруските чеченски паравоени сили започнале отворена борба со чеченските сепаратисти во градот Грозни, кој напад резултирал со ставање под опсада на истиот кој траел од крајот на 1999 година до февруари 2000 година. Во мај 2000 година, руските сили воспоставиле контрола врз Чеченија, но војната во Северен Кавказ продолжила уште цели девет години. Чеченските бунтовници по падот на Чеченија започнале да извршуваат терористички напади против цивилното население во Русија. Овие напади предизвикале меѓународна осуда.

Започнувајќи од 2009, борбрните дејствија со чеченските сепаратисти престанале. Градот Грозни од неодамна претрпел голема реконструкција така што голем дел од градот и од околните области биле обновени. Сепак, насилството во Северен Кавказ сѐ уште постои. Привремени напади биле регистрирани од страна на руските власти, и истите сѐ уште се случуваат[23][24].

На 16 април 2009 година, операциите и битките против тероризмот официјално завршиле[1]. Најголемиот дел од руската армија била повлечена, а товарот за справување со последните низа на препукувања останал врз локалната полиција. Три месеци оподоцна, протераниот водач на сепаратистичката влада, Ахмед Закаев повикал за прекин на огнот и вооружениот отпор против полицијата на чеченските сили започнувајќи од 1 август, и изјавил дека од тој ден Чеченците никогаш повеќе нема да пукаат едни кон други[25].

Точниот број на загинати од овој конфликт е непознат. Според слободни проценки, бројот се движи од 25,000 до 50,000 загинати или исчезнати, главно цивили од Чеченија. Руските жртви се над 5,200[26] и околу 11,000 според комитетот на мајките на војниците[27].

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads