Второ Христово пришествие

христијанско и исламско верување за повраток на Христос на земјата From Wikipedia, the free encyclopedia

Второ Христово пришествие
Remove ads

Второ Христово пришествие или Парусија (грчки: [Δευτέρα] Παρουσία — [второ] доаѓање, пристигнување, присуство) — во христијанската религија ја означува идејата за враќањето на Исус Христос на земјата на крајот од човечката историја и доаѓањето на Божјото Царство. Второто пришествие често се поврзува и со Страшниот (последниот) суд.[1][2]

Thumb
Икона „Второто пришествие“, Грција, ок. 1700 г.

Библијата не наведува конкретен ден на кој ќе се случи Второто пришествие, но дава јасни знаци и настани што му претходат. Целта на Второто пришествие е да се воспостави Царството Божјо на земјата и да нема повеќе болка, тага и глад.

Remove ads

Во Библијата

Во Стариот завет

Некои од пророштвата во Стариот завет за „Денот Господов“ (Денот на Јехова) во христијанската традиција исто така се поврзуваат со Второто пришествие.

„Пред нив ќе се затресе земјата, ќе се разниша небото; сонцето и месечината ќе се затемнат, а ѕвездите ќе го изгубат својот сјај. И Господ ќе го издаде Својот глас пред Своето воинство, зашто многу е големо Неговото множество и моќен е Оној што ја исполнува Неговата реч; зашто голем е Денот Господов и многу страшен. Кој ќе го истрпи?“ — Јоил 2:10–11

Во Новиот завет

Темата за Второто Христово пришествие е застапена низ многу пророштва во Новиот завет. И самиот Исус Христос повеќепати зборува за Своето второ пришествие (Мт. 16:27; 24:27; 25:31; Мк. 8:38; Лк. 12:40), а за тоа сведочат и апостолите (1. Јн. 2:28; 1. Кор. 4:5; 1. Сол. 5:2–6), па така тоа било општо уверување на Црквата во сите времиња и влезено е речиси во сите древни симболи на верата.

Remove ads

Литература

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads