Втор кичевски народноослободителен одред

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Втор кичевски народноослободителен одред ― формиран од борци на Кичевско-мавровскиот НОПО во Кичево на 16 јуни, 1943 година.[1]

Кратки факти Втор кичевски народноослободителен одред, Активна ...

Акции на одредот

Одредот вршел диверзантски акции, обезбедување на селата од нападите на балистите и од качачките банди, а во своите активности работел на формирањето на НОО во Кичевско, Гостиварско и во други места каде што дејствувал. Во текот на јули и август истата година, одредот извршил повеќе акции во селата во Кичевско, како и на железничката линија Кичево-Струга, патниот правец Кичево-Дебар и Кичево-Пресека. Во септември, во содејство со првиот кичевски народноослободителен одред, извршил повеќе акции, а на 11 септември учествувал во ослободувањето на Кичево. Учествувал во разоружувањето на делови од италијанската војска во реонот на Кичевско, а на 23 септември влегол во составот на Кичевскиот баталјон.[1]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads