Кичевско-мавровски народноослободителен партизански одред

From Wikipedia, the free encyclopedia

Кичевско-мавровски народноослободителен партизански одред
Remove ads

Кичевско-мавровски народноослободителен партизански одред е партизанска единица на Народоослободителната војска на Македонија.

Кратки факти Кичевско-мавровски партизански одред, Активна ...

Одредот е оформен на 21 мај 1943 година, од 46 борци од Мавровско-гостиварскиот народноослободителен партизански одред „Кораб“, Кичевскиот народноослободителен партизански одред „Козјак“ и Крушевскиот народноослободителен партизански одред „Питу Гули“. Партизаните на одредот влегуваат во судири кај селото Сливово на 23 мај, Невестински гроб на 30 мај, Пресека на 14 јуни, Карбуница на 20 јуни, и други. Откако одредот брои 70 борци, во текот на јули 1943 година разделен е на Мавровско-гостиварски народноослободителен партизански одред (Прв кичевски народноослободителен одред) и Кичевски народноослободителен одред (Втор кичевски народноослободителен одред). На 23 септември 1943 година одредот влегува во рамките на Кичевскиот народноослободителен баталјон.[1]

Thumb
Драге Ристески е првата жртва на одредот. Загинал во битката кај Невестински Гроб на 30 мај, 1943 година.

Првата жртва на одредот бил Драге Ристески од кичевското село Карбуница.[2]

Thumb
Љубица Богеска е една од жените кои го сошиле знамето на одредот.

Знамето на одредот е сошиено од група младинки, меќу кои е ѝ Љубица Богеска од Кичево.[3]

Remove ads

Команданти

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads