В’лтава
река во Чешка From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
В’лтава (чешки: Vltava, германски: Moldau) — најдолгата река во Чешка, лева притока на Лаба (Елба). Извира на североисточните ограноци на Шумава (Чешка Шума). Постојат три изворни крака именувани Топла, Ладна и Тревната В’лтава (Teplá, Studená и Travnatá Vltava).
В’лтава е долга 446 км, а површината на нејзиниот слив изнесува 28.090 км2. Кај месноста Мјелник се влева во Лаба. Просечниот проток кај Прага е 142 м3/с. Пловна е од Штеховица до устието, околу 84 км. Главни приотки од левата страна се Бероунка и Отава, а од десната страна Лужнице и Сазава. На реката се подигнати неколку хидроцентрали (Орлик, Штеховице и др.), додека пак најголема брана е Липно.
Чесите ја сметаат В’лтава за своја национална река. Позната е симфонијата „В’лтава“ од циклусот „Моја татковина“ (Má vlast) на чешкиот композитор Беджих Сметана.
Remove ads
Галерија
- Мостови на В’лтава во Прага
- Поглед на реката В’лтава во Прага
- Поглед на реката В’лтава во Прага
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads