Габра

From Wikipedia, the free encyclopedia

Габра
Remove ads

Габра (до 1934: Чукурово) е село во западниот дел на Бугарија. Се наоѓа во планински реон помеѓу планините Ихтиманска Средна Гора и Лозенска Планина и има надморска височина од 892 m. Административно припаѓа на Општина Елин Пелин, Софиска област. Според пописот на населението од 2011 година во село Габра живееле 1 070 луѓе.[1] Во близината на селото се наоѓа поранешно рударско претпријатие за лигнит, коешто го експлоатирало Чукуровскиот јаглен басен.

Кратки факти Габра, Земја ...
Remove ads

Историја

Првпат се споменува за селото во ноември 1576 година во еден отомански регистар на трговци на добиток. Документот и денес се чува во Народната библиотека „Св.Св. Кирил и Методиј“ во Софија како архивна единица 23 под сигнатурен фонд 95 во којшто се читаат имињата на селаните од Чукурово (денес Габра), коишто имаат дадено добиток на Отоманското Царство.

На 25 декември 1877 година Чукурово е ослободено од турско ропство. По Берлинскиот конгрес, во близината на селото е демаркирана границата помеѓу Кнежевството Бугарија и Источна Румелија. Во 1934 година селото е преименувано и го носи името на реката Габра.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads