Габровци
село во Ениџевардарско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Габровци или Габришта (грчки: Δωροθέα, Доротеја; до 1922 г. Γάβριστα, Гавриста[2]) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Меглен на Постолскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 564 жители (2011). Сè до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци, а денес е мешано.[3]
Remove ads
Географија
Селото е сместено во котлината Меглен, на 2-4 км северно од гратчето С’ботско.
Историја
Праисторија
Веднаш северозападно од селото е откриена населба од неолитот и бакарното време. Во 2012 г. е прогласена за заштитен археолошки споменик заедно со соседната Преб’дишка неолитна населба.[4]
Во Отоманското Царство
Во дадено време еден дел од жителите на Габровци го прифатиле исламот за да ја обезбедат својата лична и имотна сигурност. Според хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ, на крајот на XIX век Габровци било сочинето од Македонци-христијани и Македонци-муслимани, чие машко население броело 302 лица во 80 домаќинства.[5][6] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Габровци (Gabrovtzi) било село во Воденската каза со 110 куќи на 190 жители Македонци-христијани и 315 Македонци-муслимани.[7][8]
На почетокот на XX век е забележано опаѓање на бројноста на христијанските семејства. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Габровци било македонско село со 96 христијани и 570 муслимани.[7][9]
Целото христијанско население на Габровци било под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Габровци (Gabrovtzi) имало 128 Македонци под патријаршијата (грчката црква).[7][10] Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото имало 22 христијански и 102 муслимански македонски куќи.[3]
Во Грција
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 852 жители, кои во 1920 г. спаднале на 683.[3] Во 1920-тите муслиманското македонско население на Габровци е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место властите довеле голем број грчки колонисти од Мала Азија. Во 1928 г. селото броело 630 жители од кои 434 лица (106 семејства) биле грчки дојденци.[11] Според Тодор Симовски, од вкупно 630 жители во таа година, 444 биле Македонци, а 186 биле дојденци. Во 1940 г. Габровци имало 888 жители од кои, според Симовски, Македонците имале двотретинско мнозинство.[3]
Селото делумно настрадало во Граѓанската војна, така што во 1951 г. населението се намалило на 691 жител. Подоцна немало забележителни иселувања, поради што бројноста останала устојчива.[3]
Remove ads
Население
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
Селото важи за мошне богато бидејќи е сместено во поле и целото земјиште се наводнува. Се произевдуваат жито, индустриски пиперки и тутун, а прилично се развиени и лозарството и овоштарството.[3]
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads