Гагаемауга
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Гагаемауга (самоански: Gagaʻemauga, „блиска страна на планина“) е округ во Самоа. Округот се наоѓа на островот Саваи.
Географија
Округот се наоѓа во северниот дел на островот. Традиционален центар на округот е Салеаула каде се сретнувале окружните поглавици и оратори. Како и останатите села во Самоа, така и тука селата се распоредени покрај крајбрежјето, со исклучок на некои.
За Самоа е значаен податокот дека Џорџ Прат, англиски мисионер, живеел во Матауту.[1] Тој ја напишал првата граматика и речник за самоанскиот јазик.[2]
Гагаемауга има и две ексклави на островот Уполу. Двете ексклави се наоѓаат на другиот остров поради ерупцијата на вулканот Матавану во 1900-те. Вулканот ги погодил тогашните села Леаува и Саламуму и населението било преселено на Уполу. Поради тоа што населението било по потекло од Саваи, овие села биле приклучени на Гагаемауга.
Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads