Галактички координатен систем

From Wikipedia, the free encyclopedia

Галактички координатен систем
Remove ads

Галактички координатен системнебесен координатен систем во сферни координати со Сонцето како негово средиште, главната насока порамнета со приближното средиште на Млечниот Пат, а основната рамнина напоредна на галактичката рамнина но со отстапување на север. Се служи со десноракото праволо, што значи дека координатите се позитивни на север и на исток на фундаменталната рамнина.[1]

Thumb
Уметничка претстава на Млечниот Пат со галактичката должина. Векторот на галактичкта рамнина на должина од 0° го опфаќа Галактичкото Средиште и пресечение краци непосредно над него. Многу помал дел од галаксијата е сместен на сите точки со спротивната должина од 180°
Remove ads

Сферни координати

Галактичка должина

Thumb
Галактичките координати се служат со Сонцето како почеток. Должината (l) се мери со главна насока од Сонцето до средиштето на галаксијата на галактичката рамнина, додека пак галактичката ширина (b) го мери аголот на телото над галактичката рамнина.

Должината (l) го претставува аголното растојание на едно тело иточно долж галактичкиот екватор од Галактичкото Средиште. Се изразува во степени (°) и е аналог на географската должина.

Галактичка ширина

Ширината (b) го претставува аголот на едно теле северно од галактичкиот екватор гледајќи од Земјата. Се изразува во степени (°) и е аналог на географската ширина.

Remove ads

Дефиниција

Првиот галактички координатен систем го осмислил Вилијам Хершел во 1785 г. Низ времето се користеле различни координатни системи, секој со неколку степени разлика. Во 1932 г. Лундската опсерваторија изработила таблици за претворање на координатите со кои го определуваат стандардниот галактички координатен систем според галактичкиот северен пол на рек. 12ч40м, дек. +28° (епоха B1900.0) и 0° должина во точката кајшто се сечат галактичката и екваторската рамнина.[1]

Во 1958 г. Меѓународниот астрономски сојуз (IAU) го дефинирал галактичкиот координатен систем според радионабљудувањата на неутрален галактички водород преку вородорната линија, менувајќи ја дефиницијата за галактичка должина за 32° и ширината за 1,5°.[1] Во екваторскиот координатен систем, за рамноденица и екватор 1950.0, северниот галактички пол се дефинира на ректасцензија 12ч49м, деклинација +27,4° во соѕвездието Береникина Коса, со веројатна грешка од ±0,1°.[2] Должината 0° е големата полукружница која почнува од оваа точка долж правата на положбениот агол 123° во однос на екваторскиот пол. Галактичката должина се зголемува во иста насока како ректасцензијата. Галактичката ширина е позитивна кон северниот галактички пол, со тоа шо рамнина која минува низ Сонцето и напоредно на галактичкиот екватор е 0°, а половите се ±90°.[3] Според оваа дефиниција, галактичките полови и екваторот можат да се добијат со сферна тригонометрија и да се прецесираат во други епохи (во табелата).

Екваторски координати на J2000,0 како апроксимација на галактичките упатни точки[1]
  Рек. Дек. Соѕвездие
северен пол
+90° должина
12ч51.4м +27.13° Береникина Коса
(близу 31 Com)
јужен пол
−90° должина
0ч51.4м −27.13° Вајар
(близу NGC 288)
Средиште
0° должина
17ч45.6м −28.94° Стрелец
(во Стрелец A)
Противсредиште
180° должина
5ч45.6м +28.94° Кочијаш
(близу HIP 27180)

Радиоизворот Стрелец A*, кој е најдобриот физички показател за вистинското Галактичко Средиште, се наоѓа на 17ч45м40,0409с, −29°00′28,118″ (J2000).[2] Заокружен на истите децимали како во табелата, 17ч45,7м, −29,01° (J2000), има отстапување од 0,07° од определениот координатен центар, во рамките на проценетата грешка од ±0,1°. Поради положбата н Сонцето, која тековно е 56,75 ± 6,20 северно од средната рамнина, и хелиоцентричната дефиниција донесена од IAU, галактичките координати на Sgr A* се +0°07′12″ јужна ширина и04′06″ должина. Бидејќи галактичкиот координатен систем според дефиницијата не се врти со време, Sgr A* впрочем се намалува во должина со стапка на галактичкото вртење кај Сонцето Ω, приближно 5,7 лачна милисекунди годишно.

Remove ads

Претворање од екваторски во галактички координати

Местоположбата на едно тело изразена во екваторскиот координатен систем може да се претвори во галактичкиот. Во овие ревенки α е ректасцензија, а δ е деклинација. NGP се однесува на координатните вредности на северниот галактички пол, а NCP се оние на северниот небесен пол.[4]

Обратното претворање (од галактички во екваторски) може да се изведе со следниве формули.

Remove ads

Правоаголни координати

Во некои ситуации се користат правоаголни координати според галактичката должина, галактичката ширина и растојанието. Понекогаш, кога се работи со далечното минато или иднина, галактичкит координатен систем се зема како вртежен така што x-оската секогаш секогаш оди во средиштето на галаксијата.[5]

Постојат две главни правоаголни варијанти на галактичките координати со кои се пресметуваат вселенските брзини на галактички тела. Со овие системи, оските xyz се означуваат со UVW, но дефинициите зависат од авторот. Во еден систем, оската U е насочена кон Галактичкото Средиште (l = 0°) и ова е деснорак систем (позитивен кон исток и кон северниот галактички пол); во друг систем, оската U е насочена кон галактичкото противсредиште (l = 180°) и е леворак систем (позитивен кон исток и кон северниот галактички пол).[6]

Remove ads

Во соѕвездијата

Галактичкиот екватор минува низ следниве соѕвездија:[7]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads