Скорпија (соѕвездие)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Скорпија — едно од соѕвездијата од зодијакот, и како астролошки знак го носи истото име. Латинскиот назив Scorpio значи скорпија, а неговиот симбол е . Се наоѓа меѓу соѕвездијата Вага на запад и Стрелец на исток. Ова е големо соѕвездие сместено а јужната полутопка блиску до центарот на галаксијата Млечен Пат.
Remove ads
Remove ads
Особености
Ѕвезди
Соѕвездието Скорпија содржи многу сјајни ѕвезди, меѓу кои Антарес (α Sco), β1 Sco (Графијас), δ Sco (Џуба), θ Sco (Sargas), λ Sco (Шаула), ν Sco (Џаба), ξ Sco (Графијас), π Sco (Iclil), σ Sco (Алнијат), τ Sco (исто така позната како Алнијат) и υ Sco (Лесат).
Митологија

Во старогрчката митологија, соѕвездието Скорпија понекогаш се идентификува со скорпијата која ја испратила божицата Хера (или Геа) за да го убие ловецот Орион. Соѕвездието Орион се наоѓа наспроти соѕвездието Скорпија на ноќното небо, што се смета за божествена вниматилност да не се повтори на небото смртното непријателство.
Скорпијата исто така се појавува и во една верзија на приказната за Фаетон, смртниот син на Хелиос, сонцето. Фаетон замолил да ја вози сончевата кочија на еден ден, но ја изгубил контролата. Коњите се исплашиле од небесната скорпија чии клешти биле спремни да нападнат, и кочијата диво летала низ небото.
Астрологија
Во западната астрологија знакот Скорпија е од 23 октомври до 21 ноември, а тоа се разликува од сидералниот зодијак, каде Скорпијата е од 16 ноември до 16 декември. Астрономски, сонцето минува низ Скорпија само за една недела, и тоа од 23 ноември до 30 ноември.
Remove ads
Надворешни врски
![]() |
„Скорпија (соѕвездие)“ на Ризницата ? |
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads